25 Април, 2024
0.0260

Хуманоста нема граници- такси возење со познати личности

Објавено во: Стил 24 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во месец февруари Дани Димитровска, Ненад Екстра Ексклузив, Панчо ДНК, Марко Новески, Ивана Хаџиевска и многу други познати ликови  ќе бидат дел од досега невиден спектакл за корисниците на такси услугите од Ин Такси. Претпладне ќе работат како таксисти, а по завршување на нивната смена заработката ќе ја искористат за исполнување на желбите на децата од интернатот во Љубанци.
Тони, Дани, Ламбе кои ќе бидат на возачкото седиште  сите корисници на такси ќе имаат можност да ги видат и да се превезуваат со нив до саканата дестинација. Додека Лоба и Ивана ќе бидат оние кои ќе ги примаат повиците. Марко пак ќе се погрижи сето тоа да го следи на единствениот џпс систем со кој располага компанијата и ќе се погрижи да стигнете навремено, безбедно и сигурно, давајќи инструкции на познатите каде да завртат и кога да застанат и наплатат. Веднаш по сработената смена, сите тие ќе се упатат кон Интернатот Гоце Делчев од каде што ќе ги земат дечињата со возила на компанијата и целиот ден ќе им го посветат ним. -Едвај чекам да дојде тој час. Навистина се радувам и сум пресреќна што ќе можам барем еден ден да го посветам и поминам со овие дечиња. Планот е веднаш по сработувањето на смената и заработувањето на парите, да ги земеме дечињата и да започне забавата! Да одиме во продавници или во зоолошка, да јадеме чоколади колку што ќе ни посака душата, да се шетаме во парк, да одиме до Милениумскиот крст со жичницата, да го гледаме најновиот цртан в кино... Буквално се што ќе посакаат тоа и ќе го направиме заедно, на наше огромно задоволство“, вели Дани. Во Интернатот се згрижени дечиња на возраст од 6 до 16 години. Сите тие потекнуваат од дисфункционални сиромашни семејства. -Идејата да работат познатите цел еден ден, да го посветат своето време и енергија за да ги анимираат и забавуваат скопјани, а при тоа да заработат и да ги трошат заработените пари од тој ден заедно со нашите штитеници е навистина неповторлива мисија. Големо браво за иницијаторот на оваа кампања и неизмерна благодарност за насмевките на дечињата“, изјави директорката на Интернатот Гоце Делчев, Силвана Терзиева.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган