И Арапите ќе јадат македонски корнфлекс од Витаминка
Објавено во: Економија 25 Октомври, 2012
Витаминка го шири својот пазар кон Обединетите Арапски Емирати. Ќе извезува корнфлекс на арапскиот пазар и тоа од брендовите Дардо и Чока Мока. „Со извозот во Обединетите Арапски Емирати отвораме дополнителен пазар од 8 милиони потрошувачи. Секако, нашиот пласман не застанува тука, бидејќи визијата на тимот на Витаминка е да работиме на експанзија и промоција на нашите производи секаде низ светот“, изјави Љупчо Велески, директор на извоз на компанијата. Покрај Обединетите Арапски емирати, Витаминка почна со извоз на „Чоко стоби“ во Саудиска Арабија, пазар со 28 милиони потрошувачи.
Витаминка досега ги извезува своите производи во над 25 земји.