17 Декември, 2017
0.3694
    ALK 7304.71    0%     CEVI 1144    0%     GRNT 762.38    0.86%     KJUBI 1400    0%     KMB 2700    0.01%     OHB 4767.86    -0.67%     RMDEN15 95.1    0.11%     RZUS 107.89    1.78%     STB 910    -1.09%     STIL 127    -2.31%     TNB 13100    0%     TPLF 1500    -1.69%     UNI 1870    -1.03%     ZILU 151    -2.58%

И Буџаку раскашалено трошел и се честел во скопски ресторани, тој се правда

Објавено во: Економија 07 Декември, 2017

Додека работниците мизерувале со ниски плати, в.д. директорот на ЦУК не штедел на ручеци во скапи ресторани платени со службени картички.

Денеска вакви критики за раскашалено трошење стигнаа на сметка на Агрон Буџаку кој според претседателот на синдикатот на вработените во ЦУК Илија Бојаровски трошел и по 40 илјади дневно за ручеци.

Бојаровски обвини за поставување на некомпетентни кадри по партиска линија, практика која беше евидентна за поранешната владеачка гарнитура.

Имено, Бојаровски тврди дека Буџаку во еден ден седел во скопски ресторан и пречекувал седум делегации една по една, каде потрошил над 40 илјади и 700 денари каде од вкупно седумте платени ручеци во тој ден, пет биле за една иста делегација, а тоа е делегацијата на Јапонија.

Буџаку и неговите блиски соработници покрај раскашаленото трошење, ги злоупотребувале и службените возила и си ги користеле за лични работи по завршувањето на работното време.

Синдикатот денеска побара со ЦУК да раководат и да се поставуваат професионални кадри од сферата на кризниот менаџмент, како што се и јасните препораки на меѓународната заедница.

Буџаку се правда

Целта на Бојаровски е да ме оцрни и да седне во директорското место, се правда в.д. директорот на ЦУК по овие обвинувања. 

Буџаку тврди дека ручекот со шесте  членови од јапонската асоцијација е платен со пари резервирани од буџетот на ЦУК, и дека се работи за еден ручек а не како што рекол Бојаровски шест.

Можеби ќе ве интересира

Град Скопје се фали со речиси трипати поголем буџет за животна средина во 2018 година, каде планира Шилегов да ги „потроши“ парите?

Град Скопје се фали со речиси трипати поголем буџет за животна средина во 2018 година, каде планира Шилегов да ги „потроши“ парите?

Кругман: Биткоин-Маѓепсани, а не разбираат!

Кругман: Биткоин-Маѓепсани, а не разбираат!

ОЦЕНКИ НА БИЗНИСОТ: Ништо не е недостижно со политичка стабилност!

ОЦЕНКИ НА БИЗНИСОТ: Ништо не е недостижно со политичка стабилност!

Важен економски договор, кој се однесува на Грција, гас и многу пари, ќе се случи наесен во 2018 година?

Важен економски договор, кој се однесува на Грција, гас и многу пари, ќе се случи наесен во 2018 година?

„Волкот од Волстрит“ го нарече биткоинот „огромна, гигантска измама“ и предупреди за нешто многу опасно

„Волкот од Волстрит“ го нарече биткоинот „огромна, гигантска измама“ и предупреди за нешто многу опасно

Како Џулијан Асанж го коментира биткоинот?

Како Џулијан Асанж го коментира биткоинот?

НАЈВИСОКА ИСПЛАТЕНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Скопјанец земал по 225.000 евра месечно

НАЈВИСОКА ИСПЛАТЕНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Скопјанец земал по 225.000 евра месечно

ОИЛКО пред Нова година си откупи сопствени акции

ОИЛКО пред Нова година си откупи сопствени акции

Дизни со купувањето на Фокс стана опасен гигант

Дизни со купувањето на Фокс стана опасен гигант