И денес ништо од судењето на Мијалков, Јанкулоска и екипата обвинета за прислушување
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2018
Повторно одложување на судењето на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.
Рочиштето се одложи за 27 март а причина е тоа што новиот судски совет со кој претседава судијката Џенета Бегтовиќ, согласно новиот план за работа на претседателот на Судот Иван Џолев, му било потребно време за да го проучи предметот кој, како што кажа судијката, има обемен доказен материјал.
Имено, судијата Горан Бошевски кој е дел од петчлениот судскиот совет кој го води предметот, поднел барање за изземање бидејќи претседавал со советот кој го оценувал обвинителниот акт за „Тврдина – Таргет“ и судот треба дополнително да одлучи по тоа барање.
Во судот на рочиштето денеска дојдоа обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Владимир Варелов, со чиј идентитет избега Грујевски во Грција, како и останатите петмина обвинети, негови колеги од УБК. Сите тие имаат исти адвокати.
(Насловно фото: Мета)