19 Април, 2024
0.0246

Интервју Дејан Рунтевски, Агенција за храна и ветеринарство: И добитокот ќе има матичен доктор!

Објавено во: Агробизнис 14 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Во Интервју за ФАКТОР Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство говори за начините на заштита на домашното производство, за либерализацијата на ветеринарните друштва, за безбедноста на храната што ја купуваат македонските потрошувачи, како македонското пилешко месо да биде позастапено на европските пазари Фактор : Европската унија пред извесен период излезе со забелешка до Агенцијата за храна и ветеринарство дека малку пари се одвојуваат за заштита на животните. Како тоа ќе се одрази врз заштитата на животните? - Генерално стои констатацијата дека средствата кои се одвојуваат за здравствената заштита на животните не соодвествуваат на реалните потреби , всушност во однос на трошоците што Агенцијата за храна и ветеринарство би можела да ги има во борбата против одредени болести, бидејќи вака како што се, ни овозможуваат фокусирање само на неколку болести. На пример фокусот е сеуште кај бруцелозата и туберколозата кај овците и говедата. Овие средства што ги имаме се доволни да ги покријат болестите кои ги имаме, односно мерките кои што се предвидуваат, но забелешката е дека се недоволни парите  за проширување на листата на болести, кои што Агенцијата треба да ги испитува. Минатата година првичниот буџет во овој дел беше 230 милиони денари, но подоцна со ребалансот се намали на 173 милиони денари. За следната година ќе бидат малку зголемени средствата, очекуваме околу 190 милиони денари. Сепак намалувањето нема да има негативно влијание на терен, оти Агенцијата и со вака лимитиран буџет, се труди да ги исполни своите обврски во делот на заштитата на животните. Фактор: Новиот Закон за ветеринарство предвидува либерализација на ветеринарните друшта. Дали на овој начин ќе запре монополот што одредени ветеринарни друшта го имаа досега на терен, и кои ќе бидат придобивките за стоачарите? - Со измените на Законот кои Собранието ги усвои пред две недели, одиме на целосна либерализација на ветеринарните услуги, концепт кој е сличен на матичен лекар во хуманото здравство. Тоа е еден сосема нов систем , и ќе значи менување на целокупниот систем на ветеринарната дејност во државата. Подолго време имаше сугестии да се отвори тој систем и да го избегнеме оној концепт само една ветеринарна станица да ги врши дејностите од јавен интерес во една општина. Стариот систем предизвика состојба на монопол на одредени станаци кои вршеа одреден пристисок кај фамерите.. Тоа практично значи дека фармерот ќе одлучи сам со која ветеринарна станица и друштво ќе склучи договор, и тоа ќе мора да го пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство,а ние точно ќе знаеме која ветеринарна станица на кој фармер ќе му дава услуги. Законски секој фармер има обврска да склучи договор со ветеринара станица по негов избор.  Фактор : Последниот период се донесоа повеќе правилници за безбедноста на производите. Значи ли тоа дека македонските потрошувачи треба да бидат сигурни во безбедноста на храната што ја купуваат? - Се изготвија многу правилници, сега во финална фаза е носењето на Правилник за квалитет на пиво и освежителни безалкохолни пијалоци. Сеуште не е донесен Правилникот за месо и месни преработки, бидејќи траат советувањата со компаниите од таа област, оти тој правилник може да има големо влијание врз целокупната месна индустрија кај нас. Затоа во тој дел одиме внимателно, од една страна да го подигнеме нивото на сигурност на потрошувачите а од друга страна и да овозможиме нормално функционирање на месната индустрија. Ние донесовме акти за заштита на потрошувачите, но сепак останува проблемот со имплементацијата, значи не само од аспект на нашите инспектори и конторли, туку и од страна на фирмите за кои не е лесно за краток период да се прилагодат на целата измена на законската регулатива. Сметам дека и потрошувачите имаат обврска,  да обрнат внимание при купувањето, на начинот на чување на производот и декаларациите. Секоја година се зголемува бројот на преставки од потрошувачите, но тоа не значи дека е зголемено нивото на небезбедни производи, туку дека е зголемена свеста кај потрошувачите. Сепак колку и да внимаваме, никаде не е идеално па во одреден период може да се најде небезбедна храна, несоодветно чување или транспортирање, но затоа е важно за тоа да бидеме известени и да реагираме. Генерално твдрам дека храната по маркетите е безбедна.  Фактор: Генерално во последниот извешатај од Европската Комисија, Агенцијата доби позитвна оценка, речиси единствена забелешка беше во делот на спроведување на ХАСАП системот. Каде е проблемот со ипмплементацијата и спроведувањето на овој систем за безбедна храна? - Овој дел во извештајот се однесува на оние контроли кои треба Агенцијата да ги прави, како дополнителни, значи не се однесува на редовните контроли за функционирањето на компанитее во делот на ХАСАП системот. Законот предвидува контроли дирекетно насочени кон тоа како се спроведува системот односно верификацијата. Ние сега имаме ситуација да 100 проценти од фирмите имаат воведено ХАСАП, но само го имаат воведено не значи дека го имаат имплементирано. Тука е улогата на Агенцијата во делот на верификација, да  оние фирми кои го имаат системот нависитина го имаат според  ХАСАП. Се работи за посложени контроли, кои порано поради одредени организациони пречки не ги спроведуваше Агнецијата. Од пред еден месец започнавме со еден програм на контроли, и прво се опфатени поголемите производители. Пред една недела  завршија контролите во мелничко- пекарската индустрија, и јас лично очекувам дека ќе има голем број забелешки во однос во овој сектор во однос на примената на ХАСАП-от. Верификацијата порано од наша страна беше правена во објектите за храна од животинско потекло и таму најголем дел од фирмите го имаат верификувано и спроведено. Сега се во фокус другиот дел од компаниите, оние производители на храна од неживотинско потекло.   Македонското пилешко и јајца поблиску до европските пазари  Минатата година испративме барање до ЕУ, и работите се во напредна фаза. ЕУ бара земјата да е слободна од одредени болести како Њукасл, Авијарна инфлуенца, и примена на соодветен национален Мониторинг план за контрола на салмонелата.Тоа значи дека мора да се има план изработен по европски стандарди, каде што ќе бидат сите живинарски фарми опфатени, да се знае кој месец по колку мостри се земаат и се испитува присуство на салмонела, и што се прави со јајцата каде ќе се утврди појава на салмонела, односно какви мерки се преземаат.  Ние Мониторинг  планот го испративме на почетокот на годината, од таму добивме минатата недела одговор дека планот генерално е изработен по европските стандарди, потребно е да пуштиме дополнување во делот на лабораториските методи и бараат резултати од спроведувањето на планот.Сега се подготвуваат тие извештаи и до крајот на месецот ќе се пратат. Очекувам одобрување по што може да се пријавуваат објектите. Потоа следува вториот дел ако сакаме да извезуваме јајца тоа може да го прават само фарми кои ги исполнуваат критериумите во делот на благосостојба на живината. Две фарми ја имаат опремата, но таа се користи по старите стандарди, иако има заинтересирани за спорведувањето на стандардоте и очекувам дека фармите ќе  одговорат на потребите. Ако се одобри Планот после два месеци ќе добиеме одбобрение за извоз, по што ние ги пријавуваме објектите. Процедурата за извознички броеви за свинско месо сеуште не е отпочната, најверојатно ќе  почне следната година. Основен услов е да престанеме со вакцинација на свињите против свинска чума. Ние сме подгтвени да ги спореведеме сите мерки за престанок на вакцинацијата, но тоа ќе трае од три до четери години, објаснува Рунтевски С.Ј

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари