И на Роналдо му се заканува затвор за затајување данок
Објавено во: Свет 25 Мај, 2017
Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо е осомничен за затајување данок вреден 15 милиони евра во Шпанија, па доколку се докажат обвинувањата може да добие пресуда од 5 години затвор. Неговиот случај многу наликува на предметот на Лионел Меси со кого се главни противници на фудбалските терени чии судбини како да се неизбежно поврзани.
Роналдо во периодот од 2009 до 2014 година од комерцијални права заработил 14,9 милиони или 20 отсто од вкупниот приход. Но, властите во Шпанија стигнале до податоци кои велат дека Португалецот заработил уште 32 милиони, со што е стигнато до сумата од 15 милиони евра со камата, која Роналдо ја затаил од државата.
Иако му се заканува казна затвор од пет години, Португалецот може да ја избегне истата доколку ја плати сумата која ја должи на Шпанија