И ОВА Е МОЖНО: Цело село се исели во странство
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2018
Од бугарското село Стоманово 120 луѓе се иселиле во Шпанија. Малото село го напуштил дури и кметот, кој заедно со жителите заминал да живее во Шпанија.
Во Нирберг во Баварија (Германија) живеат 300 Бугари, а од гратчето Бршелн во Англија заминале над 400 лица. Бугарија како и другите земји од ЈИЕ се соочува со масовно ислеување. Според статистиката годишно се отселуваат околу 40.000 Бугари во Западна Европа.
Според бугарскиот весник 24 часа, секое четврто дете завршува во Чикаго (САД) каде масовно се бара спас од беспарицата во Бугарија.
Во земјата 157 места кои се водат како населени места, а во кои не е регистриран ниту еден жител. Во 1.148 места живеат од 1 до 49 жители, велат податоците од бугарскиот Национален статистички институт.
Најмногу такви места има во областите Габрово, Големо Трново и Крџали. Во градовите во Бугарија живеат 5,2 милиони жители или 73,3 насто од вкупното население, а во селата 1,9 милиони жители, или 26,7 насто од вкупното население.
Според статистичките показатели, во Бугарија на крајот од 2016 година се регистрирани 5.256 населени места – 257 града и 4.999 села. Скоро половина од вкупната популација на Бугарија живее во југозападниот и југо-централниот регион, а најмалку на северозапад.
На ваков начин Србија ќе изгуби територија поголема од Косово, или 1200 села ќе бидат празни.