20 Април, 2024
0.0240

И ОВА СЕ СЛУЧИ: Компанија им вградува микрочипови на своите работници

Објавено во: Стил 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Компанија во државата Висконсин ќе стане првата во САД, на чии работници ќе бидат им бидат вградени микрочипови.

Three Square Market нуди да го вгради бесплатниот чип за радиофреквенциска идентификација (RFID) во рацете на работниците - и вели дека наскоро сите ќе го сторат тоа. Чиповите кои се со големина на зрно од ориз, и кои чинат 300 долари, ќе им овозможат на луѓето кои ги носат, да отвораат врати, да влегуваат во нивните компјутери, па дури и да купат храна. Досега 50 вработени се пријавиле за шанса да станат полулуѓе, полу движечки кредитни картички.

Компанијата била инспирирана од имплантација на микрочипови што веќе е факт во Шведска, каде таканаречените „биохакери“ поставуваат мали уреди во учесници веќе од три години.

Од 85-те вработени на Three Square Market 50 веќе изразиле желба да се дел од таа техничката новост.

Во однос на стравувањата дека со микрочип човек може да биде следен, од компанијата смируваат дека во малиот уред нема GPS. Микрочипот бил сличен на оние кои секој кој има кредитна картичка, го носи со себе.

Микрочипот се вградува  за две секунди во раката на оној кој сака. Исто толку време е потребно за исклучувањето.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган