Добивај вести на Viber
Економската криза не ги менува суштински ставовите на туристите и Европа останува една од најпосакуваните туристички дестинации, покажуваат податоците на Европската комисија. За првите шест месеци од годинава бројот на меѓународните туристи Стариот континент пораснал за 5 отсто.
Поголем раст има во земјите од Централна и Источна Европа, каде зголемувањето е во рамките на 9%, а за Јужна Европа и земјите од Медитеранот растот изнесува 6 отсто.
Во првите шест месеци од годината, најпосетена европска држава е Шпанија, па следуваат Италија, Франција, Австрија, Германија и Грција. Значително зголемување на бројот на туристи има во Литванија, Словачка и Латвија.
Поголем број туристи значи и повеќе работни места, не само во секторот на туризмот, што е особено важно со оглед на податоците за 26 милиони невработени Европејци. Работа во туристичкиот секторимаат 18,8 милиони во Европа.
Податоците за развојот на туристичкиот сектор во Европа денеска беа објавени по повод Светскиот ден на туризмот.