29 Март, 2024
0.0269

И покрај протестите на грчките земјоделци ОКТА ќе го снабдува пазарот со гориво

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

И покрај проблемите кои ги создадоа со блокадите грчките земјоделци, ОКТА информира дека има план за соодветно снабдување на земјата. 

„Политиката на Хеленик Петролеум е да осигура непрекинато снабдување со гориво во секоја земја каде компанијата работи. Исто така и во Република Македонија, преку компанијата ОКТА, го разгледуваме секое релевантно прашање со голема одговорност и чувствителност. 

Од самото основање на ОКТА, компанијата гарантира и спроведува планови со цел да се осигура непречена работа на пазарот на горива. И токму тоа го прави и сега. И покрај проблемите кои се појавија поради протестите на грчките земјоделци, ОКТА подготви план за соодветно снабдување на земјата. 

Ги информираме нашите потрошувачи дека, и покрај зголемените трошоци, ќе продолжиме да го снабдуваме пазарот на гориво, користејќи ги сите можни алтернативни начини. 

Исто така би сакале да забележиме дека веднаш штом добиеме дозвола, подготвени сме да продолжиме да увезуваме гориво преку нафтоводот кој ги поврзува капацитетите во Скопје со рафинеријата во Солун, проект кој дава дефинитивно решение за непречено снабдување на земјата со течни горива“, изјави  генералниот директор на ОКТА, Јанис Геруланос.

Да потсетиме, дека грчките земјоделци веќе втора недела го блокираат преминот кај Евзони со што се блокира и увозот и извозот на стоки во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра