19 Април, 2024
0.0229

И Саркози бега од Франција, најверојатно во Лондон!

Објавено во: Стил 23 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

И Поранешниот француски претседател Никола Саркози сака да се исели од Франција за да ја избегне рекордната даночна стапка од 75 отсто во својата држава. Британските медиуми пишуваат дека Саркози би можел да се пресели во Лондон и таму да основа инвестициски фонд вреден повеќе од милијарда фунти.

Детали за планираното преселување во Велика Британија пронајдени се за време на полициска рација од минатиот јуни во неговиот стан во Париз. Како што пишува Дејли меил, Саркози и неговата сопруга Карла Бруни, треба да се преселат во Саут Кенсингтон, еден од најбогатите квартови во Лондон.

Инаку Саркози во моментов е под истрага заради корупција во Франција. Документите се запленети неколку недели откако Саркози загуби имунитет по поразот од социјалистичкиот ривал Франсоа Оланд на претседателските избори одржани во мај.

Сајтот Медиапарт објави дека „првиот нацрт од лондонскиот план“ бил пронајден од полицијата во компјутер на Саркози.

Тој е сведок и во aферата Бетанкур во која се сомничи дека ја финансирал своја изборна кампања во 2007 година со илегални донации од сопственичката на Лореал, Лилијан Бетанкур – најбогатата жена во Франција.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре