Добивај вести на Viber
Француската банка „Сосиете Женерал“ соопшти дека со грчката банка „Пиреја“ преговара за продавање на својата грчка филијала „Геники“.
Иако француските банки многу соработуваат со Грција, последните месеци, поради должничката криза и нестабилноста на финансиските пазари, драстично го намалија работењето со Атина, а со тоа и својата изложеност кон грчките пазари.
Во понеделникот, и француската „Кредит Агрикол“ соопшти дека преговара со „Алфа банка“ за продавање на својата грчка подружница „Емпорики“. Се очекува договорот да биде прецизиран до крајот на оваа годна.