21 Февруари, 2018
0.4884
    ALK 7801.99    -1.64%     BESK 10275    -3%     GRNT 810    -0.06%     KMB 3389.73    -0.22%     MERM 800    -20%     MPT 29500.63    0%     OKTA 3620    0.56%     RMDEN16 94.9    0.11%     RZUS 139    3.73%     SBT 2041    -2.86%     STB 940.85    0.03%     STIL 139.03    -4.1%     TETE 2286.67    2.27%     TKVS 3110    2.98%     TNB 13581.59    -0.42%     TPLF 1649.9    1.35%     TTK 947    -2.97%     UNI 2050    0%

И тоа бидна - Географска одредница од Заев но, со каков конечен договор?

Објавено во: Колумни 07 Февруари, 2018

Ете и тој момент дојде на македонската политичка сцена кога премиер јавно и недвосмислено ќе каже дека за него е прифатлива географска одредница за решение на деценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција. Претседателот на македонската влада Зоран Заев посочи дека прифатливо е во решението да има географска одредница и бидејќи сакаат да се постигне договор затоа и се премногу внимателно, односно процесот е многу тежок како што се очекуваше, но не и нерешлив.

Домашната јавност речиси и да не изреагира на овие изјави кои до пред некоја година ќе резултираа со бурно прогласување на истиот политичар за државен непријател и предавник па може и ќе се повикаше на јавен линч. Граѓаните веќе толку се измачени од сите политички и економски кризи кои без престан не тероризираат уште од осамостојувањето до денес, па секој сака да се надева на подобра иднина, на стабилизација, на прогрес, на интеграција и постигнување внатрешна кохезија.

Во спор каков што го имаме со Грција каде на сите можни начини од меѓународната заедница јасно ни е ставено да знаење дека ние сме тие кои треба да најдат решение и да прифатат компромис изјавата на премиерот Заев и не е некое големо изненадување. Да, од една страна тој губи домашни политички поени бидејќи веќе ќе го прогласат за слаб политичар кој е подготвен на сите можни отстапки, но зарем некој е изненаден дека во конечното решение за името ќе има некаков вид на географска одредница бидејќи сите останати формулации беа низ годините отфрлани како неприфатливи и повеќе штетни.

Што се однесува до силните патриоти треба да се потсетат на 7-8 години претходно кога исто така во јавноста сосема отворено се говореше за промена на како што велеа !„презимето“ на државата и за да не користиме тука имиња на личности ви предложуваме да пребарате низ Google кој се „патриоти“ даваа такви пробни балони во медиумите, само што тогашната влада не успеа да постигне договор со Грција и никогаш не кажа пред граѓаните за што точно преговора и под кои услови.

Сега процесот колку и да ни задава болки врз македонската душа што сме принудени на ваков вид на отстапки барем е во голема мера јавен и директен и без премногу калкулации. Сите бевме свесни дека компромисите ќе бидат тешки, ќе ни предизвикаат дилеми и фрустрации, но веќе со години се разговара за замена на времената референца која не направи ФИРОМ. 

Секако, македонската дипломатија и политичкиот врв не смеат да си дозволат преголема наивност во односите со Грција за која со огромен број на примери низ историјата се докажувало и повторувало дека волкот го менува крзното, ама не и карактерот. Веќе се направени голем број отстапки во знак на добра волја, доволни за владата на Ципрас да може да го претстави решението пред разулавениот народ кој е под влијание на националистичките пропаганди и да сфати дека не губи апсолутно ништо, напротив ќе може да си ја задржи целата историја на која смета дека има право и да си жонглира со своите испомешани национални идентитети во период во кој очигледно постои прениска народна самодоверба и перспектива за иднината на грчкото општество. 

Нашата политичка страна иако покажува благост, кроткост и добронамерност мора да знае кога е доста и да не ни помислува да прави било какви отстапки во националниот идентитет, во загрозување на македонскиот јазик, нација и држава, ниту да дозволи било какво домашно или меѓународно понижување на македонскиот народ. Договорот мора да биде мудар и да донесе и грчки отстапки, односно политичко-правни формулации за кои македонската дипломатија мора да се изброи и да ги издејствува, во спротивно било какво решение ќе биде извор на конфликти, народно незадоволство и губење на поддршка за следните чекори.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Ќе бара ли Грција и колективна лоботомија за сите што се чувствуваат Македонци

Ќе бара ли Грција и колективна лоботомија за сите што се чувствуваат Македонци

ШТО Е МАКЕДОНИЈА?

ШТО Е МАКЕДОНИЈА?

Да ги потсетиме функционерите што е тоа морална одговорност

Да ги потсетиме функционерите што е тоа морална одговорност

ПАЗАРНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ПАЗАРНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Бездушни неморални личности

Бездушни неморални личности

Каде згрешивме, дали направивме генерации кои чекаат некој друг да им улови риба, наместо тие самите

Каде згрешивме, дали направивме генерации кои чекаат некој друг да им улови риба, наместо тие самите