20 Април, 2024
0.0251

И цената на лебот ќе оди нагоре?

Објавено во: Агробизнис 06 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Глобалното поскапување на основните прехрамбени производи, на пат е да ја зафати и Македонија. Кризата за добиточна храна не е единствената последица од екстремно сушната година. Високите температури оваа година  драстично ги намалија приносите од пченица и квалитетот на лебното зрно. Најголемите производители на пченица во земјава, велат дека оваа година е една од најлошите. Приносите со сите применети агротехнички мерки и квалитетни семиња, во некои региони се намалени и за 50 % , во споредба со лани. Пониските приноси ќе значат поголем увоз и повисоки цени на пченицата, и крајно на основниот производ на трпезата, лебот. -Поразителни се приносите на површините во Светиниколскиот, Штипскиот и Кочанскиот регион. Ако лани од овие површини имавме 3,5 до 4,5 тони од хектар, оваа година приносите се од 700 килограми до едвај два тони. Но оваа ситуација не е само во Македонија, туку на глобално ниво. Од тие причини расте и цената на пченицата. На пример во Србија ако лани цената на пченицата беше од 130 до 140 евра за тон, сега е 230 евра. Ова само ги потврдува предупредувањата на ФАО, дека цената постојано ќе расте, и ова е само почеток, не очекуваат уште поголеми поскапувања. Се тоа се должи на зголемента потреба од пченица и недостигот од резерви. Во Србија брашното одмана поскапе за 30% , а со тоа и цената на лебот се зголеми. Затоа нашата Влада треба навреме да интервенира преку стоковите резерви, објаснува Огнен Оровчанец, претседател на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори .   Агробизнисмените од мелничко- пекарската индустрија порачуваат неколку мерки што треба да се применат за да не се дозволи поскапување на лебот. Едни сметаат дека државата треба да го стабилизира пазарот, со интервенција преку стоковите резерви. Некои од агробизнисмените велат пак дека државата треба да го олабави ограничениот увоз на брашно. До пред извесен период Македонија имаше воведно забрана за увоз на брашно, пред извено време се укина но како што велат мелничарите, повторно постојат ограничувања. Бидејќи цената на брашното во земјава е зголемана од 23,50 на 26,50 денари за килогра, мелничарите спасот го гледаат во дозвола за увоз на брашно од Србија, кое според нивните проценки е поефтино и би било начин да се запре поскапувањето.Засега никој не сака да шпеклуира, за колку проценти би се зголемила цената на лебот. Но дел од поголемите агробизнисмени во мелничко-пекарската индустрија, тврдат дека не постои потреба од зголемување на цената на лебот. Според нивните пресметки, големите производители во овој бизнис и со сегашната цена на лебот ги покрваат основните трошоци, сега е проблемот за оние малите производители кои одат со пониски цени. Експертите велат дека Македонија секако ќе треба да увезе пченица, или од Бугарија или од Србија. Цената на пченицата во Србија сега се движи од 245 до 250 евра за тон, но за да ја извезат ќе треба да ја намалат за 20 до 30 евра. Мелничарите советуваат државата будно да ја следи ситуацијата, за да направи економичен увоз на пченица, но пред се на брашно.Кај нас сега цената на пченицата се движи од 14 до 15 денари за килограм, иако започна со 11 денари за килограм. Оваа година житариците се посеаја на околу 96. 000 хектари. Проценките се дека на ниво на Македонија приносите поради сушата ќе бидат за околу 30% помали. Годишните потреби за пченица се движат до 300.000 до 330.000 тони, од нив околу 120.000 тони се покриваат од увоз, а оваа година поради сушата увозот може да биде и поголем. Во просек Македонија на годишно ниво троши повеќе од 10 милиони евра за узвоз на пченица и брашно.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари