ИД ја презеде одговорноста за нападот, двајца од терористите уапсени
Објавено во: Свет 17 Август, 2017
Групата Исламска држава (ИД) ја презеде одговорност за денешниот напад во Барселона, во кој според последните
информации, загинаа 12 лица, пренесуваат светските агенции.
Според светските медиуми, двајца од терористите што извршија напад со комбе во Барселона се уапсени, а еден загинал во престрелката со полицијата вечерва.
Вечерва едно возило ја поминало полициската блокада по нападот и повредило двајца полицајци.
Нема потврда дали двата напади се поврзани.