19 Април, 2024
0.0325

Ида Протугер: Давос-Неутралноста на теренот е всушност платформа која се користи да ги собере на едно место сите значајни луѓе во светот

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

„Светскиот економски форум е непрофитна швајцарска организација која има 46 годишна традиција на организирање на Годишниот Самит во Давос кој што ги собира лидерите од целиот свет и клучните луѓе во економијата и бизнисот да разговараат за актуелните глобални проблеми. Неутралноста на теренот е всушност платформа која се користи да ги собере на едно место сите значајни луѓе во светот од политиката и бизнисот кои имаат моќ на одлучување што го прави настанот еден од најзначајните собири на на глобално ниво“, вели Ида Протугер за Фактор.

Таа додава дека лидерите на земјите имаат можност за многу билатерални средби со своите колеги и можност за дијалог дури на закоравени непријатели. 

Така, историјата запишала дека во Давос во 1994 Израел, претстасвен од тоагашниот шеф на дипломатијата Шимон Перес и лидерот на палестинците Јасер Арафат постигнале договор за Газа. Денеска, канадскиот премиер Џастин Трудо ја информираше јавноста за крупна одлука, дека неговата земја заедно со останатите потписнички на Транспацифичкото партнерство во трговијата се договориле да направат нов договор за за да се задржи трговскиот сојуз на овааа група (лани САД излегоа од овој Договор). Овие собири се важни затоа што клучните глобални играчи, но и експертски умови, можат да претстават различни перспективи на гледање на проблемите, да понудат различни аргументи, а сето тоа да е со иста цел, нивно надминување.

Секогаш има одредена тема на Самитот. Годинава е “Создавање на заедничка иднина во поделен свет”, но и многу панели на кои се разговара за актуелните проблеми. Покрај поделеноста на светот, каде јазот меѓу најбогатите и најсиромашните се зголемува, дигитализацијата и здравствената заштита се меѓу најдискутираните.

Давос од друга страна е опишуван и како парада на моќта и популарноста, нешто како пандан на Оскарите во Холивуд каде присуството на огромен број новинари и медиуми, лидерите и моќните луѓе од бизнисот го користат за себепромоција, бизнис и политички “зделки”. Оттука секојпат собирот е придружен со протести на антиглобалистичкото движење. Бидејќи во Давос протестите се забранети, годинава има бројни протести низ другите швајцарски градови, против присуството на Доналд Трамп кој се очекува да зборува во текот на следните денови. Од светската политичка елита, годинава во Давос отсуствуваше кинескиот претедател Џинпинг“, истакнува Ида .

Таа посочува дека токму годишниот Самит во Давос е одличен неутрален терен за средба на македонскиот премиер Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас и средбата очекувано и без некој покрупен исход е важен чекор во надминување на спорот околу името.

„Инаку, да повторам, дека ваков вид настан, ако се организира во микро рамки во Македонија, можеби најдобро од страна на некоја невладина организација, може да биде одлична можност за приближување и седнување на заедничка маса околу заедничките цели и концепт за иднината на политичките лидери и други битни “дисижн мејкери”, особено стручни лица. Така, би се постигнал консензус околу стратешките цели за перспективите за просперитет на земјата, а не да зависи иднината на граѓаните од моќта на една или друга политичка партија или пак друг центар на моќ како претставник на крупниот капитал“, потенцира Ида Протугер

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов