24 Април, 2024
0.0249

Идеи кои можат да го променат светот

Објавено во: Стил 10 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Екипата на порталот Wired.com одлучила сериозно да се позанимава со проблематиката за нови идеи кои можат да го променат светот. Во предвид се земени повеќе трендови и моментални планови со кои се потрудиле да предвидат што ќе ни претставува проблем за  наредните 20 години и како тоа однапред да се спречи. Да се создаде авион на струја Авиоиндустријата веќе со години се труди да ја зголеми ефикасноста на горивото, бидејки очекуваат вистинска “експлозија“ на воздушниот сообраќај до 2013, а причината првенствено е растот на стандардот на земјите во развој. Моментално се наѕираат неколку потенцијални решенија, а за едно од нив размислува и НАСА. Нивната идеа е да се произведе авион со 50 посто помала потрошувачка на гориво,додека осовремен навигациски систем треба да го скрати траењето на летовите. Што се однесува до летови на кратка одалеченост  во план се електрични авиони кои би се полнеле на струја или сончева енергија. WI-FI во спреј Оптеретеноста на мрежата ќе расте со бројот на “паметните“ телефони и таблетите, а ограничениот пристап не е решение. Додатен проблем создаваат и слабо населените места кои провајдерите не ги покриваат со квалитетен сигнал. Меѓутоа решението би можело да биде антена во Wi-FI спреј на кој работи "Chattech Enterprises", а станува збор за течности  исполнети со нано-кондензатори кои кога ќе се нанесат на уредот примаат далеку поквалитетен сигнал, притоа создавајки мрежа на широко појасен Wi-FI итернет. Изработка на дијамантски облакодери  Дијамантот е еден од најтврдите матерјали познати на човекот. Потполно е прозирен и е добар спроводник на топлина. Некои експерти дошле до идејата дека токму дијамантот може да го замени челикот во изградбата на високи згради. Секако проблем е достапноста до дијамантите, но можно е усовршување на технологија со која дијамнтите ќе се преработуваат на поевтин начин за совршено користење во градежништвото.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган