Идеја во Германија: Камионот убиец да стане музејски експонат!
Објавено во: Свет 05 Јануари, 2017
Kaмионoт со кој Тунижанецот, Анис Амри прегази 12 лица на Божиќниот базар во федералната германска престолнина, може да биде претворен во музејски експонат во Домот на историјата во Бон, пренесува RT.
Претседателот на фондацијата на музејот, Ханс Валтер Хутер истакна дека иако е „премногу рано" за донесување на вакви одлуки, Германија не може да ја игнорира својата историја.
„Од една страна од почит треба да чекаме за точното време. Но, треба да се дејствува и со вработените на музејот, кои се одговорни за зачувување на наследството од минатото"-коментира Хутер.
Мигрантот со камион уби 12 и повреди десетици луѓе.