28 Март, 2024
0.0285

Иднината на Македонија во раце на три албански партии

Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Трите албански партии во земјава - Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата Беса и „Алијанса за Албанците“, се договорија за заеднички став на претстојните преговори за формирање на идната влада во Скопје. 

Во заедничката изјава трите партии велат дека нивната заедничка позиција се базира на резултатите од парламентарните избори на 11-ти декември, на духот на Охридскиот договор, напредокот и долгорочната стабилност на Македонија и решеноста на земјата да влезе во НАТО и ЕУ.

Во соопштението се наведуваат конкретните цели кон кои ќе се стремат партиите како дел од идната влада или како дел од секое друга влада во Македонија. Овие цели вклучуваат целосно почитување на Охридскиот договор и Уставот, еднакви јазични права, употребата на албанскиот јазик во сите гранки на власта заедно со македонскиот како официјални за земјата, економска еднаквост преку рамноправен регионален развој и исто учество во преговорите со Грција за спорот за името на државата според европските вредности и меѓународното право. 

По прашањето за спорот за името албанските партии претендираат да учествуваат во работната група за директни преговори со Грција.

Да потсетиме дека само пред два дена поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека не може да има двојазичност во Македонија. На последните избори СДСМ оди со понуда кон Албанците, која нема да им го подобри животот, но звучи примамливо на прв поглед, особено кога некој друг вели не, изјави тој за неделникот „Република“.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?