19 Април, 2024
0.0260

(ВИДЕО) „ИДНИНАТА СТИГНА“- iPhone X ќе се отклучува со „поглед“

Објавено во: Стил 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Епл вчера го претстави новиот iPhone X, својот најнапреден уред досега.

Тим Кук на настанот во свечената сала „Стив Џобс“ го најави како „најголем чекор напред уште од оригиналниот iPhonе“ кој ќе го „отвори патот на технологијата во наредната деценија“.

Новиот телефон нема веќе „Home“ копче-се отклучува со едноставен поглед на екранот бидејќи има Face ID технологија на препознавање лице.

Фил Шилер потпретседател на маркетинг во компанијата Епл, објаснува дека телефонот прво прави математички модел на лицето на сопственикот.

Биометриското препознавање на лицето наводно е многу попрецизно од TouchID технологијата за скенирање отисок од прст, која ја имаа досегашните модели, вклучувајќи го и новопретставениот iPhone 8. 

Новата технологија ќе биде користена за „Анимој“ анимирани емотикони, кои се контролираат со мимика од сопственото лице.

Телефонот имено, ги следи вашите изрази и ги користи за анимирање на емотикони.

Како и новата „Осмица“  iPhone X ќе се служи со иста бежична Qi технологија за полнење.

И покрај зголемените перформанси, од Епл велат дека телегонот ќе трае „два часа подолго од iPhone 7“.

Исто така телефонот е отпорен на вода и прашина.

Ќе биде достапен од 3 ноември (претпорачки ќе бидат можни од 27 октомври) во црна и бела боја, по цена од речиси 1 000 долари за верзијата од 64 GB, односно 1 150 долари за верзијата од 256 GB.



Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре