25 Април, 2024
0.0253

Игор Лештар: Индустријата за игри вистински предизвик за „Seavus“

Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Македонската компанија  Сивус (Seavus), која веќе 13 години успешно работи на светскиот пазар за напредни технологии и софтверски решенија, во последниов квартал развива нов пазарен сегмент во индустријата за игри која сериозно се наметна во сите комуникациски аспекти и зазема доминантен дел од ИТ пазарот, маркетинг индустријата и телекомуникациите. Како што информираат од Сивус, минатата година компанијата успешно зачекори во индустријата за креирање на игри, заедно со светски најпрестижните компании од оваа индустрија.
„Технологијата постојано се развива и менува со голема брзина, динамика и непредвидливост. Индустријата за игри пак е одличен репрезент за овие развојни процеси.  Активностите и навиките на потрошувачите во оваа индустрија не се исти денес како што беа пред десет, пет, една година. Ја разбираме големината и потенцијалот на пазарот на мобилни и on-line игри и токму во таа насока се разви и новиот проект на Сивус. Создаваме решенија и игри кои се подготвени не само да ја поддржуваат растечката светска експанзија на индустријата на игри, туку и во клучните сегменти да ја предводат”,  вели Игор Лештар главен извршен директор на Сивус.
Како резултат на големата успешност во креирирањето на најсовремени бизнис решенија оваа година се очекува од страна на Сивус да бидат објавени голем број нови мобилни и on-line игри, кои наскоро ќе бидат достапни и на Фејсбук. Инаку, во конкуренција од 70 илјади апликации, две игри на компанијата Сивус успешно се изборија за две од десетте најдобри мобилни и on line игри, во категоријата за најдобри игри со коцки и во категоријата за најдобри казино игри на светскиот натпревар за најдобри апликации за iOS платформата „BestAppEver“.  Апликациите на Сивус се борат во директна конкуренција со светски најпознатите компании за игри: „Zynga“, „Big Fish“, „Playtika“ и „Electronic arts“, соопштуваат од компанијата.. Натпреварот за најдобри апликации за iOS платформата BestAppEver се организира еднаш годишно, од страна на Steel Media Network, светски лидер во маркетингот на апликации. Гласањето за најдобри мобилни и on line игри се одвива на следните линкови: Најдобри игри со коцки: http://bestappever.com/v/dcgm - Yatzy Ultimate. Најдобрите казино игри: http://bestappever.com/v/csgm - Black Jack Ultimate.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка