24 Април, 2024
0.0274

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ И АКК СТЕФАНОВСКИ СО ШАМПИОНСКИ АМБИЦИИ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Со последната трка во Чешка, заокружен е ФИА ЕТЦЦ шампионатот за 2017. Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе и неговиот национален тим АКК Стефановски, се задоволни од она што го покажаа на овој шампионат.

Македонија со Игор Стефановски Иџе ја започна новата спортска историја во ЕТЦЦ натпреварувањата. За првпат на ФИА ЕТЦЦ 2017 дебитиравме со национална екипа. Поранешниот двократен светски шампион на ридски патеки, Иџе првпат оваа сезона возеше автомобил во сопственост на неговиот тим, АКК Стефановски, натпреварувајќи се под регистрацијата Македонија.

Во генералниот пласман, по последната трка на патеката Мост во Чешка, Стефановски има 60 поени и се најде на четвртото место. Тој и неговата екипа, се задоволни од постигнатиот резултат по шесте извозени трки оваа година. Тимот на АКК Стефановски амбициозно започна да ја подготвува следната сезона.


„Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим го препознаа потенцијалот и не поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона. Посебно би сакал да се заблагодарам на Агенцијата за млади и спорт, но и на сите други спонзори кои веруваа и во иднина ќе веруваат во нашиот потенцијал “ -порачува автомобилскиот ас. Тој и овојпат не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат уште следната година.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка