Икеа во Србија дели откази
Објавено во: Економија 14 Јануари, 2018
Шведскиот бренд за мебел и опрема Икеа дели откази во својата франшиза во Србија. Во продажниот салон лоциран во Белград, од Икеа поделиле откази на 22 вработени.
Според објаснувањето на шведската компанија на почетокот на отворањето на првата продавница на брендот Икеа во Србија очекувале зголем број на заинтересирани купувачи па затоа и вработиле поголем број на луѓе.
Ова е речиси вообичаена пракса на Икеа на нови пазари каде по одредено време се намалува 10% од почетно ангажираната работна сила.
Сега по повеќе месеци квотата е исполнета и затоа 22 од 400 вкупно вработени повеќе нема да се дел од Икеа во Србија.