29 Март, 2024
0.0266

(ГАЛЕРИЈА) Илиевски: И денешниот гостин е испратен како што треба да биде испратен

Објавено во: Македонија, Галерија 18 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва го одржа својот 51-ви мирен протестен марш во Скопје.

Учесниците се движеа од Владата до Собранието на Република Македонија. На претседателот Ѓорѓе Иванов му се заблагодаруваат што го брани суверенитетот. 

51 ден застануваме за да ја искажеме својата благодарност и почит кон човекот кој постојано на најразноразните второ и третокласни бирократи им кажува каде им е местото, порачаа од протестот. И денешниот гостин  е испратен како што треба да биде испратен, додаваат од иницијативата. 

„Ним не им е местото ниту во Народната канцеларија, ниту во Вилата Водно на средби со претседателот на Република Македонија. Место на средба со претседателот, најмуваат луѓе кои нè нарекуваат славомакедонци, луѓе кои не ја осудуваат тиранската платформа, луѓе кои не го изговараат името на нашата држава“ - вели Богдан Илиевски од граѓанската иницијативата. 

Вели дека в петок ќе излезат со прецизен план и многу важни пораки.

Елена Мисиркова, внука на Крсте Петков Мисирков и член на Иницијативата „За заедничка Македонија“, рече дека нивниот протест е за семакедонско обединување. Таа на пратениците им порача дека не треба да заборават оти народот е тој кој ги избрал.

Иницијативата „За заедничка Македонија“ организираше мирен протестен марш и во Куманово, Кочани, Крива Паланка и други градови во внатрешноста на Македонија. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење