Илија Димовски го обвини СЈО дека е партиска алатка на СДСМ
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2016
Илија Димовски во гостувањето на ТВ Нова повторно го обвини Специјалното јавно обвинителство дека е инструмент за политиките на СДСМ и дека работи во интерес на опозициската партија притоа нарушувајќи ги сите правни кодекси на професијата.
- Два дена по прес конференцијата на Петре Шилегов, опозициските портали објавуваа дека има објект што се испитува, понатаму очекуваме дека СЈО ќе започне предистражна постапка, и тоа случајно се случува непосредно пред 23 октомври, денот на ВМРО. Ништо од ова не е случајно. Ова е класично користење на СЈО во ПР, односно негативна кампања кон политичкиот противник. Тоа е програмата на СДСМ, рече Димовски.
Димовски оценува дека СДСМ работи небалансирано што е сосема очигледно од сите досегашни постапки.
- Смислата на постоење на таа институција беше недовербата кон Јавното обвинителство што се појави кај некои. Сепак, СЈО отвораат случај за градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, а не и за градоначалникот на Струмица, односно лидерот на опозицијата Зоран Заев. Постапките што се водени во Битола се водени и во Струмица, разликата е во тоа што во Битола е платена 3 пати помала сума од онаа во Струмица. Замислете Јавното обвинителство да го прави кон СДСМ истото што СЈО го прави кон ВМРО-ДПМНЕ, истакна Димовски.