26 Април, 2024
0.0307

Интервју со Васко Митев: Илирика 10 години е сигурен партнер на инвеститорите, но пазарот мора да се развива

Илирика - Македонците да тргуваат и со акции на светски брендови

Објавено во: Финансии 24 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Брокерската куќа Илирика одбележува 10 години работење на македонскиот финансиски пазар, период на големи промени, од еуфорија на берзата до пад на вредноста на акциите и намален обем на тргување. Кога повеќе брокерски куќи ги затворија вратите Илирика успеа да опстане и да се надгради постојано со нови и професионални услуги за инвеститорите. Во последниот период се бележи ново раздвижување на пазарот со хартии од вредност, се размислува за нови финансиски инструменти и расте интересот за вложувања. За можностите за дополнителен развој на пазарот, за положбата на Илирика во изминатите 10 години и перспективите за иднината разговараме со генералниот извршен директор на брокерската куќа Васко Митев.

Фактор: Илирика одбележува 10 години на македонскиот финансиски пазар, период низ кој поминаа многу успони и падови под влијание на општествените, економски и политички влијанија, но успеа да се задржи како водечка брокерска куќа. На што се должи успехот на Илирика?

Митев: Успехот не дојде сам по себе, ние во Илирика бевме соочени со големи предизвици и искушенија исполнети со сите ризици што ги носеше пазарот на капитал во овој 10 годишен турбулентен период. Во овие 10 години жртвувавме многу, на почеток работевме на ивица на рентабилност, но знаевме дека трудот што го вложивме на крај ќе се исплати. Периодот на криза на берзата беше многу тежок, донесе големи разочарувања кај инвеститорите, бевме соочени со пад на довербата на пазарот на капитал поради постојаното паѓање на цените на акциите. Поминавме еден долг период на берзата кога компаниите кои котираат на берза беа многу потценети согласно сите економски критериуми, но и покрај ниските цени отсуствуваше интересот кај инвеститорите. Сепак, во сите овие години лично верував дека вложувањето во хартии од вредност носи профит само ако се има професионален пристап. Во оваа година и покрај политичката криза имаше значителен раст на берзата, индексот МБИ-10 порасна 20% , прометот со акции во првите шест месеци од 2017 во спредба со 2016 година порасна дури 78%, што значи дека довербата кај инвеститорите постепено, но сигурно се враќа. Тоа беше резултат на добрите финансиски резултати кои ги прикажаа котираните компании и одлуката да исплаќаат дивиденди.

Фактор: Како сега го оценувате финансискиот пазар во Македонија. Во минатото кога имаше пик на тргување на берзата постоеја речиси 30 брокерски куќи за денес нивниот број да се сведе на десетина?

Митев: На македонскиот пазар на капитал моментално се нудат само основните финансиски иструменти за тргување, акции и обврзници. Дневниот просечен промет на Mакедонската берза во 2016 година изнесуваше 150.000 ЕУР, со таков промет самостојно може да работат само три до четири брокерски куќи. Сметам дека е хендикеп за македонските инвеститори што неможат во целост да инвестираат во странски хартии од вредност за компании кои што котираат на светските најпознати берзи. Моментално нашите клиенти имаат пристап само до Загребската, Бугарската и Љубљанската берза со која имаме склучено договори за примање на налози преку регионалната платформата на СЕЕ-Линк. Сакам да апелирам до надлежните институции да ја разгледаат можноста за ослободување на законските пречки се со цел да можат македонските државјани да купуваат акции од светски познати брендови како што се Apple, Microsoft, Tesla и слични.

Фактор: Македонската берза се обидува да ги привлече инвеститорите и се гледа одредено придвижување со тргувањето на акции, а има раст и кај МБИ10. Кои се вашите прогнози за тргувањето со хартии од вредност на македонската берза и како вие како брокери може да допринесете за поголем развој?

Митев: Во економски услови на ниски каматни стапки на депозити во Македонските банки кои во овој момент се движат околу 2% на годишно ниво, вложувањето во акции претставува одлична алтернатива за штедење. Во оваа година имавме компании чии дивиденден принос се движеше и до 13%, покрај тоа растот на акциите допринесе и за остварување на капитална добивка.

Фактор: Илирика го заслужи своето место кај клиентите кои досега и укажуваа голема доверба. Што би им порачале на сите останати кои се заинтересирани за инвестирање во хартии од вредност и управување со портфолио, како Илирка може да им излезе во пресрет со квалитетно советување?

Митев: Нормално вложувањето на акции носи со себе и зголемен ризик, па поради тоа би сугерирал за оние инвеститори кои ќе одлучат дел од своите заштеди да ги пласираат во сопственички хартии од вредност, претходно да се консултираат со своите инвестициски советници и брокери. Сметам дека берзата е место каде секој кој има слободни парични средства треба да вложи во акции, но сепак најважно е да се направи добра диверзификација на портфолиото со цел да се намали ризикот на инвестицијата.

Ние во Илирика Инвестментс преку постојани контакти со нашите клиенти ги информираме за сите пазарно чуствителни информации кои би можеле да влијаат на нивните инвестициски одлуки. Доколку ја видите статистиката на Македонската берза ќе воочите дека главни инвеститори со преку 80% се домашни правни и физички лица. Ќе сретнете луѓе од различни професии кои ги инвестираат своите заштеди во акции, а кои немаат доволно време да се посветат на својата инвестиција, па поради тоа сметам дека ние сме тие кои секојдневно треба да ги информираме за состојбата на пазарот на капитал. Поради професионалниот пристап, денес Илирка е препознатлив бренд со база од над 5.000 клиенти.

Фактор: Илирика брендот регионално одбележува 25 години што исто така е јубилеј за почит. Како регионалните успеси и достигнувања ги пренесувате на македонскиот пазар, што може да научат финансиерите од на пример Словенија и другите земји и што пак, вие сметате дека е предност на Илирика во Македонија?

Митев: Со гордост може да кажам дека денес Илирика претставува препознатлив регионален бренд. Во Македонија Илирика е значаен играч на пазарот на капитал со пазарно учество во вкупниот промет од 30%, со моменталниот промет.  Берзите на државите од ЕУ меѓу кои спаѓа и Љубљанската берза нудат повеќе финансиски инструменти со кои се тргува и постојат повеќе можности за пласман на слободните парични средства на инвеститорите. Сметам дека во наредниот период и во Македонија ќе се случат неколку преземања на компании што позитивно ќе допринесе за развојот на Македонската берза.

Фактор: Покрај тргување со акции Илирика и има свои инвестициски фондови кои оперираат и надвор од границите на Македонија. Што може да очекуваме од оваа дејност, дали има простор за унапредување на ventureфондови, дополнителна либерализација на финансискиот пазар и воведување на нови финансиски инструменти?

Митев: Друштвото Илирика Фунд Менаџмент управува со два акциски и еден паричен фонд. Приносот на Фондот Илирика Југоисточна Европа за период од една година порасна за 25% што го направи најдобар инвестициски фонд во Р.Македонија и регионално. Воедно интензивно на постоечките и новите клиенти ја нудиме услугата “индивидуално управување на портфолио”. Со оваа услуга Илирика преку стручна експертиза им овозможува на клиентите да остварат задоволителен приноси со минимален ризик. Менаџирањето на едно портфолио бара време, информации, следење на актуелните текови кои повеќе инвеститори ги немаат. Како резултат на ова се повеќе инвеститори ги доверија своите средства на професионално управување на тимот што работи во Илирика. 

Фактор: Дали доволно се штитат правата на малцинските акционери во друштвата во Македонија?

Митев: Акционерите согласно Законот за трговски друштва имаат две основни права, правото да учествува и да гласа на акционерското собрание и правото на исплата на дивиденда. Сепак мислам дека малцинските акционери не се доволно запознаени со нивните права што се гледа од слабиот интерес за присуство на акционерските собрание. Сакам да апелирам до сите акционери дека нивното масовно присуство ќе допринесе за потранспаренто и подомаќинско работење на менаџерските тимови кај овие компании.

Фактор: Што вие како извршен директор на Брокерската куќа Илирика Инвестментс  го сметате за досегашен ваш најголем успех и кон што ќе се стремите во наредниот период?

Митев: Најзначајно во мојата  работа е да се стекне доверба кај клиентите. Голем број од инвеститорите во изминатиов 10 годишен период изгубија дел од вредноста на своите портфолија и тоа ги направи осетливи спрема ризикот. Вложувањето во акции во теоријата е долгорочна инвестиција, значи приносите треба да се очекуваат во рок од минимално една година, но повторувам претходно треба да се направи анализа на компанијата во која се вложува како и тајмингот за инвестирање.

Во наредниот период следејќи ги модерните трендови, планираме да воведеме новитети со цел на нашите клиенти да им го направиме подостапно тргувањето со хартии од вредност. Од пред година дена преку Илирика Инвестментс клиентите може да даваат куповни и продажни налози од дома или од работното место од својот компјутер, преку Е-брокер апликацијата, со што им стануваат поблиски секојдневните случувања на Македонската берза. Исто така, планираме изготвување на мобилна апликација преку која нашите клиенти ќе можат во секое време да извршат увид на своето портфолио.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот