Илјадници талибанци влегле во Германија како бегалци
Објавено во: Свет 22 Април, 2017
Илјадници поранешни талибанци можеби влегле во Германија во последните две години, пишува Der Spiegel. Информациите на Германската федерална служба за миграција и бегалци (BAMF) покажува дека поранешни кадри на паравоеното авганистанско движење искористеле од огромниот прилив на бегалци, кој се упати кон Германија по почетокот на конфликтот во Сирија.
Федералната служба истакнува дека илјадници мигранти се идентификувале како поранешни талибанци при процесот на аплицирање за азил. Најмалку 70 Авганистанци беа истражувани од федералното обвинителство, но не е јасно дали сите се осомничени дека се активни талибански борци.
Владата на канцеларката Ангела Меркел е подложена на притисок дека им овозможила на толку многу мигранти да се сместат во Германија и да добијат статус на бегалци. Околу 55% од Авганистанците добиле статус на бегалец во Германија, додека 45% биле одбиени.