Добивај вести на Viber
Иловица располага со исплатливи содржини на бакар и злато и може да прерасне во голем рударски комплекс, потврди прелиминарната економска анализа. Според анализата локалитетот располага со околу 143 милиони тони руда.
Зголемување на овие бројки очекува компанијата Еуромакс, а потврдата треба да се добие во следните фази на анализирање на проектот.
- Со оваа прелиминарна економска анализа е проектирано годишно од Иловица да се ископуваат 12 милиони тони руда од кои се очекува да се добијат околу 4 тони злато и околу 24.000 тони бакар на годишно ниво - вели Драги Пелтечки – консултант за рударство.
Околу 500 милиони долари ќе бидат вложени во рудникот кој се очекува да започне со работа најдоцна до 2017 година во истиот ќе бидат вработени околу 500 лица.