17 Декември, 2017
0.4006
    ALK 7304.71    0%     CEVI 1144    0%     GRNT 762.38    0.86%     KJUBI 1400    0%     KMB 2700    0.01%     OHB 4767.86    -0.67%     RMDEN15 95.1    0.11%     RZUS 107.89    1.78%     STB 910    -1.09%     STIL 127    -2.31%     TNB 13100    0%     TPLF 1500    -1.69%     UNI 1870    -1.03%     ZILU 151    -2.58%

Има ли Брисел план Б за Каталонија?

Објавено во: Анализа, Свет 07 Октомври, 2017

Дали е можно: во 21 век, во Европската унија, конфликтот со едно барање на независност да се претвори во државна криза, нешто како обид за државен удар, па дури и насилен? Кој е способен и спремен да интервенира во Каталонија за да стави крај на ова лудило?

Шпанската држава досега не успеа, а оние 30 отсто од каталонците кои сакаат независност, како и регионалната каталонска влада, продолжуваат да ја следат својата цел незамисливо. Во меѓувреме, шпанскиот крал интервенираше, но конфликтот продолжи да ескалира. Каталонците допрва треба да ја прогласат својата независност. Како тоа ќе се случи - на легален или незаконски начин? Претседателот на Каталонија барем не е заинтересиран за ова прашање.

Каталонците тврдат дека шпанскиот устав повеќе не важи за нив, бидејќи тие повеќе не сакаат да бидат дел од Шпанија. И тие забораваат дека шпанскиот устав може да се промени само со волјата на целиот шпански народ, но не и со гласањето на малцинство. Владеењето на правото во Шпанија е загрозено, бидејќи во Каталонија моментално нема закони, а не затоа што шпанската влада дејствувала незаконски.

Ова е, исто така, вистинското мислење на Европската комисија (ЕК). Таа не може да се вмеша во спорот како посредник, бидејќи е должна да ја почитува независноста и Уставот на секоја земја-членка. Европските договори не предвидуваат слична посредничка функција - не и во ваков случај. Во Полска и Унгарија Комисијата мораше да интервенира, бидејќи владите на овие две земји ги поткопуваат правните принципи и независноста на судството. Комисијата сепак не дејствувала таму како посредник меѓу две внатрешнополитички сили кои се расправаат меѓу себе. Таа едноставно ги штити Европските договори кои имаат задолжителна сила за земјите-членки на ЕУ.

Со други зборови: воздржаноста на ЕУ изгледа разбирлива од правна гледна точка, но дали е и политички оправдана? Не, Еврокомисијата и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск не треба да набљудуваат од страна како ескалира кризата во Шпанија. Сигурно тие би можеле барем да направат предлог за дијалог меѓу Мадрид и Барселона. Дури и тоа само би било корисно. Еврокомисијата всушност не би можела да стане посредник во конфликтот и поради проста причина што не сите страни во спорот се согласуваат да прифатат такво посредување. Каталонските европратеници очекуваат од ЕУ да ја прекори Шпанија. Но, тоа нема да се случи. Шпанската влада што на седницата на ЕП во Стразбур беше претставена од свои високи дипломати, отфрла секакви посредници, како и секакви разговори со претседателот на Каталонија. Според властите во Мадрид случувањата во Каталонија претставува државен удар. И а со превратници не се преговара.

Сепак, ЕУ треба сама да ги понуди своите услуги - барем за да ги собере двете страни во конфликтот на преговарачка маса. ЕУ е должна да им покаже на своите граѓани дека и е грижа и дека не останува настрана додека има криза. Откако се смета за проект на мирот, при тоа успешен, ЕУ треба да покаже дека е во состојба да понуди и решенија за внатрешни конфликти во земјите членки.

Во случај каталонците навистина да преземаат неразумно чекор и прогласат еднострана независност од Шпанија, EК треба да располага и со план Б. Јасно е дека ниту ЕУ, ниту некоја од земјите-членки на заедницата би ја признале оваа независност. Но треба да биде изработен концепт за тоа какви ќе бидат идните односи кон каталонската влада, како ќе бидат уредени трговијата и туризмот, како би се реагирало на евентуална молба за членство, ако Барселона одлучи да аплицира во Заедницата? Треба да се знае и тоа како би постапила ЕУ, во случај шпанската влада да одлучи да ја ослободи регионалната каталонскиот влада, да закаже нови избори и да го одобри автономниот статус на областа? Бидејќи ваквите активности се законски дозволени. Во конфликтот кој тлее со години меѓу Мадрид и Барселона ЕУ досега секогаш си ја „закопуваше главата во песок“. Но таквото однесување повеќе не е можно.

Дури и само поради тоа што насекаде во Европа приврзаниците на Брегзит, десните популисти и националистите се обидуваат да ги претстават случувањата во Каталонија како доказ за тоа дека ЕУ ги поттиснува малцинствата во заедницата и стремежот на народите кон независност. Ова, се разбира, е нечуена глупост, но ЕУ не треба да игнорира истомисленици, а треба да стори сé за да ги побие. Инаку, сегашната шпанска криза може одеднаш да стане европска.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

Игрите може да започнат, кој ќе застане на тронот во „Белата палата“?

Игрите може да започнат, кој ќе застане на тронот во „Белата палата“?

За борбата и изгубените години во криза Заев нема простор за грешки

За борбата и изгубените години во криза Заев нема простор за грешки

Трпеноски: Заев не е свртен во државата, да не заборави на домашните проблеми

Трпеноски: Заев не е свртен во државата, да не заборави на домашните проблеми

Ризаов: Ако „груевизмот“ кој беше соборен се замени „заевизам“, тоа ќе биде уште поголема катастрофа

Ризаов: Ако „груевизмот“ кој беше соборен се замени „заевизам“, тоа ќе биде уште поголема катастрофа

Муслиу: Енергична влада со енергичен премиер

Муслиу: Енергична влада со енергичен премиер

Заев за предизвикот на МПЦ - Таа е реалност во православниот свет

Заев за предизвикот на МПЦ - Таа е реалност во православниот свет

Се отвори ли Пандорината кутија за менување на учебниците, па и на тие по историја?

Се отвори ли Пандорината кутија за менување на учебниците, па и на тие по историја?