23 Април, 2024
0.0259

Има ли иднина нафтената криптовалута OilCoin?

Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

OilCoin е првата така наречена нафтена криптовалута бидејќи вредноста ја базира на самата вредност на нафтата. Во таа смисла еден токен на OilCoin чини колку еден барел сирова нафта, односно вредноста на криптовалутата е одредена според вредноста на самото добро, за разлика од биткоинот чија вредност се одредува од самата побарувачка и понуда на токени, како и на трошоците на технологијата за креирање на нови токени. 

Според економските експерти OilCoin може да прерасне во моќен финансиски инструмент кој би се користел за тргување на пазарите, особено кај крупните играчи кои имаат реален посед на залихи на нафта, па така со движењата на цените може да привлечат инвеститорите кои би купувале виртуелни токени со цел да направат поврат на инвестицијата при раст на цените на нафтата на берзите низ светот. 

Од една страна ваквата замисла е одлична бидејќи се очекува цената на нафтата да продолжи да расте во наредниот период, па дури има прогнози и дека ќе следат неколку години со постојан раст на цената на „црното“ злато поради стабилизација на светската економија и неопходноста на вложување во енергија кај земјите во развој меѓу кои Кина, Индија, Бразил и останатите.

Сепак, со OilCoin треба многу да се внимава бидејќи вистинската вредност на оваа па и било која сегашна или идна криптовалута не лежи во тоа што е претставена со реално добро како што е нафтата, туку со подемот на технолошките иновации кои во иднина ќе ја покренуваат економијата. 

Дали OilCoin е вистинската валута за таков скок во иднината, засега е рано да се каже или прогнозира, но овој и слични нови видови на финансиски инструменти кои имаат опипливи и редовни показатели мора да се следат од страна на инвесторите и стручната јавност за да се видат импликациите како на пазарот, така и на самата економија. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“