ИМА ЛИ ШАНСИ: Биткоин и етереум против доларот и еврото?
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2018
Виртуелните валути не ги исполнуваат основните критериуми кои една валута треба да ги има, рекле од JP Morgan Chase.
Тие криптовалутите ги нарекуваа „лоша стока и лош облик на пари“.
Можеби има смисла некои инвеститори да ги вклучат дигиталните валути во своите портфолија низ хеџ, соопштила банката. Меѓутоа, банката додала дека не гледа ниту една криптовалута како легитимен конкурент“ на суверените валути.
Во JPMorgan Chase додаваат дека дури и ако крипто-валутите ги исполнуваат критериумите со готовина и понатаму би морале да преминат голем пат за да станат некоја национална валута.
„Во секој случај, дури и хипотетички и стабилната криптовалута не може да се натпреварува со доларот при на пример плаќање на стоки и услуги во Чикаго, или евро во Штутгард“, наведуваат во извештајот.
Банкарите мислат дека единствено подрачје на кое можат да се натпреваруваат криптовалути со национални валути е црниот пазар.
Потсетуваме дека извршниот директор на JPMorgan, Џејми Дајмон кој еднаш рекол за биткоинот дека е измама, минатиот месец се покаја поради изјавата но и понатаму не го интересираат дигитални валути.