18 Април, 2024
0.0304

Имаат ли „здрави“ профити трите најголеми приватни болници?

Објавено во: Економија 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Приватното здравство важи за поскапо од државното токму поради повисокиот степен на нега, подобриот квалитет на услуги и посветеност на медицинскиот персонал кон пациентите, па редно е да погледнеме како трите најголеми приватни болници работеле во 2016 година, дали забележале раст и какви се нивните финансиски резултати. Во оваа анализа ги одбравме Систина, Ре-медика и Неуромедика како три најпознати брендови во приватното здравство кои имаат голем број на пациенти, повеќекратни медицински услуги и големи капацитети. 

Заедно трите приватни болници за 2016 година оствариле фантастични 40 милиони евра приходи и тоа претставува раст од дури 3 милиони евра во однос на една година претходно. 2016 била доста ефикасна за Систина, Ре-медика и Неуромедика бидејќи сите три компании работат профитабилно и годината ја завршуваат со добивка. 

Бизнисот со приватните медицински услуги се покажува дека е најисплатлив за Приватна здравствена установа во мешовита сопственост - Клиничка болница Аџибадем Систина Скопје која повеќе години е лидер на пазарот и нуди се поголем број на медицински услуги. Да потенцираме дека овој финансиски извештај се однесува само на друштвото кое стое зад Клиничката болница, а останатите придружни компании кои стојат зад болницата за офтамологија, гинекологијата, медицинска опрема и останатите клиники низ државата не се вклучени, што укажува дека Систина е вистинска медицинска империја во Македонија со вкупно 9 друштва. 

Само Клиничката болница Аџибадем Систина во која има вложено и многу турски капитал бележи голем во претходната, односно вкупните приходи од 29,3 милиони евра во 2015 се зголемиле на 32,4 милиони евра во 2016 година. Подобрување на резултатите има во сите параметри, па така со минималниот раст на вкупните расходи од 29 милиони евра се подобрува и профитната маржа. Аџибадем Систина 2016 ја заврши со вкупна добивка од 3,3 милиони евра или за околу 400 илјади евра подобар резултат од годината претходно. 

Ре-медика како една од првите приватни болници во Македонија се обидува да го одржи своето присуство на пазарот и да ги привлече пациентите со установи во Скопје, Тетово и Струмица. Приватната здравствена установа во мешовита сопственост-општа болница РЕ-МЕДИКА исто така може да се пофали дека има успешна 2016 година бидејќи има раст на вкупните приходи, подобрена е профитната маржа и секако има раст и на вкупната добивка. 

Општата болница Ре-Медика  во 2016 оствари вкупно 7,3 милиони евра приходи со годишен раст од околу 5%. Интересно е што Ре-Медика и со зголемен обем на работа успеале да ги намалат вкупните расходи кои во 2016 изнесуваат 6,4 милиони евра. Ре-Медика работи профитабилно и 2016 година ја завршува со вкупна добивка од 767 илјади евра или за петнаесетина проценти повеќе од годината претходно. Ре-медика има 206 просечен број на вработени лани. Во својата понуда Ре-Медика најмногу се познати по гинеколошкиот оддел, а нудат услуги во дваесетина различни медицински области.

Неуромедика е единствена од топ три брендовите во оваа анализа која бележи пад на вкупните приходи, а со тоа и помала добивка во 2016 година. Како предмет на анализа го земавме финансискиот извештај на Приватната здравствена установа-поликлиника со ординации од специјалистичко-консултативната здравствена заштита НЕУРОМЕДИКА Скопје која во 2016 има вкупни приходи од речиси 1 милион евра, но бележи годишен пад од околу 5%. Здравствената установа која се занимава претежно со дијагностика и превентива лани бележи вкупно расходи од 832 илјади евра што е за нијанса поефикасно работење во однос на 2015 кога расходите биле нешто повисоки. 

Поликлиниката Неуромедика ланската година ја завршува со вкупна добивка од 12 илјади евра, додека пак во 2015 добивката била речиси три пати повисока и изнесувала нешто над 40 илјади евра. Неуромедика исто така вложува во својот бренд и се проширува со нови клиники, како и целосно нова болница во Скопје со современи апарати. Неуромедика во 2016 имала и обврски во вредност од 814 илјади евра што е раст од речиси 4 пати.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто