Имаат поголема куповна моќ од Германците
Објавено во: Економија, Свет 20 Јуни, 2017
Ако се гледа куповната моќ по глава на жител, Австрија се наоѓа пред Германија, велат од Институтот за истражување на пазарот ГфК.
Овој Институт ја проценува куповната моќ на Австријците на 22.597 евра по глава на жител годишно за потрошувачка, наменина и други трошоци, што е малку повеќе од онаа во Германија. Во Германија куповната моќ по глава на жител годишно изнесува 22.239 евра за тековната година.
Со години наназад во различни истражувања, Германија беше посочувана како земја каде луѓето се богати и имаат највисока куповна моќ во Европа. Германија важеше за земја каде живеат најбогатите Европјани.