ИМАЛЕ КОБЕН ПЛАН: Терористите во Барселона имале три мети, но се премислиле
Објавено во: Свет 20 Август, 2017
Терористите кои го извршија нападот на туристичката улицата „Лас Рамблас” во Барселона, првично планирале да напаѓаат и на други три фреквентни места во градот.
Една од целите била базиликата „Саграда Фамилија”, пишува весникот „Еспањол”. Тие требало комбиња, преполни со експлозиви да ги дигнат во воздух во близина на катедралата и на улицата „Лас Рамблас”.
Која е третата избрана цел, не е познато, но се верува дека тоа веројатно било градското пристаниште. Како што наведува весникот, плановите на терористите можеби биле спречени од експлозијата во станбена зграда во ноќта во средата спроти четвртокот во селото Алканар.
Потоа екстремистите биле принудени да ја променат тактиката и наместо експлозиите, одлучиле да удрат врз пешаците на „Лас Рамблас”.
На 17 август комбе удри во минувачи на оваа улица, при што се убиени 13 лица. Одговорност за нападот ја презеде терористичката група „Исламска држава”.
Муслиманите во градот се оградија од нападот и порачаа дека не се терористи.