Имате уште малку време: Поднесете даночна пријава
Објавено во: Економија 11 Март, 2017
На 15 март истекува рокот за поднесување на годишна даночна пријава.
Од УЈП потсетуваат дека граѓаните имаат уште неколку дена да ја извршат оваа обврска.
Шалтерите работат секој работен ден од 08.30 до 18 часот и сабота од 08.30 до 14 часот.
Годишна даночна пријава може да се поднесе во регионалните дирекции во: Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово, во Дирекција за големи даночни обврзници Скопје (зграда на ССМ); како и во даночните одделенија во: Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар).
Над 215 илјади граѓани до 4 март поднесе даночна пријава во канцелариите на УЈП, додека електронски се поднесени над 1000 пријави.