Добивај вести на Viber
Најголемата српска млекарска групација “Имлек“, во првите шест месеци од годинава, забележала голем раст на добивката, соопштија од компанијата.
Консолидираниот приход на “Имлек“ во периодот јануари – јуни се зголемил од минатогодишните 13,4 на 18,8 милијарди динари.
Добивката пак, се зголемила за дури 60 проценти, односно на 2,4 милијарди динари, додека нето резултатот достигнал до 1,8 милијарди динари.
Податоците се добиени врз основа на консолидација на матичната компанија и подружниците “ИМБ Млекара Битола“, “Имлек Бока“, “East Milk“, Бањалучката “Млекара“, “Млекопродукт“, холандскиот “Balcan Dairy Products BV“ и хрватската “Млекара Сињ“.