20 Април, 2024
0.0245

Имотот вреден милион евра им го оставил на омилените актери

Објавено во: Стил 11 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Американецот Реј Фалк од Линколн-Илиноис, кој починал минатото лето, во својата 72. година, целиот свој имот им го оставил на двајца актери кои никогаш не ги запознал. На имотот од 64 хектери, наследен од неговиот татко, живеел осамен живот. Тој со години им се воодушевувал на глумците Кевин Брофи и Питер Бартон, но никогаш немал можност да ги запознае, решил сепак им го оставил својот имот. Кога тој ќе биде продаден, обајцата ќе добијат по околу половина милион долари. Адвокатот Доналд Били, кој во 1998 година му помогнал на Фалк да го состави тестаменотот, вели дека после тоа никогаш веќе не го видел. “Само ми рече дека тие му се пријатели“, вели Били, кој сега дозна дека неговиот клиент никогаш не ги запознал глумците. Бартон е познат по улогата на др Скот Грејнџер во ТВ сапуницата „Млади и неуморни“ која е прикажувана од 1987 до 1993 година, додека Брофи глумеше во серијата за момче одгледувано од волци „Лукан“ од 1977 година. Според весникот „Стејт џурнал реџистер“ ѕидовите на куќата на Реј Фалк се облепени со постерите од јунаците на овие серии. Адвокатот во моментов ја надгледува продажбата на имотот на Фалк, чија вредност е проценета на 1.054.000 долари. Освен тоа, Фалк има и околу 230.000 долари во готовина и компакт дискови.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган