18 Април, 2024
0.0256

ИНЦИДЕНТ: Се запали мотор на авион на „Ер Србија“ на скопскиот аеродром

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Сервисери на авиокомпанијата „Ер Србија“ од утрово се на аеродромот „Александар Велики“ за да го испитаат дефектот на авионот на оваа авиокомпанија, кој заради технички проблеми вчера не полета од Скопје. Дефектот на авионот бил откриен вчера, непосредно пред полетувањето за Белград. Патници тврдат дека десниот мотор на леталото се запалил. „Воопшто не ми беше пријатно, забележав само како гори моторот. Веднаш ~ кажав на стјуардесата дека моторот гори. Таа погледна низ прозорецот и се исплаши од глетката. Во авионот почна да мириса на изгорено. Не паничев, ама веднаш моравме да го напуштиме. Овој момент ќе го памтам цел живот. Многу се исплашив од глетката бидејќи огнот можеше да се прошири. Сепак, на крајот тоа се спречи“, вели за Дневник една патничка, која од Белград требало да патува преку океан Според информации од компанијата, пак, станува збор за помал технички дефект. Откако дефектот ќе биде првично саниран, авионот ќе одлета во матичниот сервис-центар во Белград. Според македонските воздухопловни власти станува збор за број на лет „РО 9212“ кој требало да полета во 4.35 часот вчера, а за сите дополнителни информации околу одложувањето на летот упатуваат одговор да се бара од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари