24 Април, 2024
0.0275

ИНЦИДЕНТ ВО СУД: Кој кого нападнал?

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Судијата Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1, тврди дека утрово бил нападнат на работното место во судот за прекршоци. 

„Додека бев во судница, влезе Горан Стаменковски, вработен како раководител во Кривичниот суд, и почна да ми се заканува. Извикуваше дека ќе сум видел што ќе ме снашло, а почна да изговара и вулгарности, споменувајќи ја во тој контекст мојата сопруга“ – изјавил Панчевски за „Фокус“, додавајќи дека сведок на вербалниот напад била записничарката.

Панчевски веднаш повикал полиција, по што оттаму му било кажано да поднесе приватна тужба затоа што така било решено по консултација со јавен обвинител.

Стаменковски, пак, вели дека во канцеларијата влегол службено.

„Правевме ревизија во судот, и кога влегов во канцеларијата на Панчевски, јас не ни знаев која е негова канцеларија, тој почна да ми вика „излегувај, излегувај“. На масата имаше полициски пендрек и го зема, не ме удри, но ме истурка надвор од канцеларија. Обвинувањата на Панчевски се лажни и сега јас ќе одам во полициска станица да го пријавам“ – изјавил Стаменковски.

Стаменковски го тужеше судијата за мобинг, додека Панчевски беше претседател на Кривичниот суд.

Основниот суд Скопје 2 пресуди во корист на Стаменковски, но пресудата сè уште не е правосилна.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи