Добивај вести на Viber
Главниот индекс на Македонската берза за хартии од вредност, МБИ 10, падна на најниското ниво во последните три години.
Вредноста на индексот, што е составен од десетте најтргувани акции на Македонската берза, денеска, по затворањето на тргувањето во 13 часот, изнесува 1.675 индексни поени и е некаде на нивото од март 2009 година, кога глобалната финансиска криза кулминираше, а сите светски берзи го достигнаа дното.
Лани, на 25 јули МБИ 10 имаше вредност 1.830 индексни поени, а највисока вредност во изминатата година достигна на 28 јануари, кога изнесуваше 1.955 поени. Оттогаш наваму, МБИ 10 е во постојан пад, со благи осцилации нагоре, но трендот на движење на овој показател за тргувањето на Берзата во Скопје е надолен.