28 Март, 2024
0.0244

ИНГРА: Не одиме во стечај, ќе си ги намириме долговите

Објавено во: Финансии 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Кога ќе се деблокира сметката, компанијата ќе ја исполни својата обврска за плаќање на проектите во странство, сите исплати може да се очекуват по деблокирањето на сметките, тврди за „Poslovni dnevnik“,  Владимир Вилач Челковиќ, раководител на Корпоративни комуникации,  коментирајќи ја неможноста на компанијата, трет пат оваа година,  да ги исплати своите инвеститори. Во средата, компанијата објави дека поради технички причини, односно поради блокирана сметка, не може да ја плати дваесеттата транша од комерцијалните записи во вредност од 4.5 милиони евра. Кобно сценарио во Македонија Станува збор за блокада на сметката која се случи во средината на јуни, откако македонската Агенција за државни патишта го раскина договорот со хрватската компанија за изградба на автопатот Штип - Струмица и ја наплати банкарскатата гаранција што резултираше со блокада на сметката на Ингра. Поради истата блокада Ингра не беше во можност во јуни на своите инвеститори во корпоративни обврзници да им ги исплати каматите, а на крајот на јануари не можеше да ја откупи тринаесеттата рата од записи, бидејќи државата и градот Загреб и должеа над 45 милиони евра. Ингра има блокирана сметка од средината на јуни, што според зконот значи дека мора да оди во стечај. Од Ингра ова не го гледаат како можност туку размислуваат за преструктуирање на долгот. Челковиќ забележува дека Ингра ги користи сите ресурси кои и стојат на располагање со цел да ја деблокира сметката. „Бидејќи преземањето не беше успешно, се работи на алтернативно решение за целосно преструктуирање на компанијата. Ние сме во потрага за локални и странски инвеститори кои ќе ја докапитализираат компанијата", тврди Челковиќ. Кога сметката ќе биде одблокирана и преку која сметка ќе оди исплатата во Ингра никој не сака да зборува. Поточно, во консолидираниот извештај нaведени се две компании во сопственост на Ингра, а со седиште надвор од Хрватска. „Sarl“ е првата компанија од Алжир и „Ingra Enrgo“ од Босна и Херцеговина. Акции сепак растат Вкупните оперативни приходи на групата се 28 проценти пониски од минатата година, а учеството на приходите од домашните и странските пазари е речиси изедначен (домашниот пазар изнесува 52 отсто и 48 отсто странските пазари). Ова би значело дека за девет месеци во  Ингра влегле 55,68 милиони куни од странство. Инаку, вкупниот нето долгот на Ингра е 935 милиони куни, стои во извештајот. И покрај неможноста да ги платат долговите, акциите на Ингра во средата забележаа раст од 15,87% или 3,65 куни.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка