20 Април, 2024
0.0454

Иницијатива: PayPal за продажни места во Македонија

Направи корисно за себе и за македонската економија.

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Денес, основачот и со-сопственик на Логин Системи, Венко Глигоров, заедно со дел од фесјбук и твитер заедницата покренаа иницијатива за воведување на PayPal како платежен сервис за продажните места во Македонија. 

"Откако првичната сондажа покажа дека има прилично голем интерес и потреба за воведување на PayPal во Македонија, стартуваме денес со нејзината реализација" изјави Венко Глигоров. "Отворивме место за пријавување на заинтересираните физички и правни лица и после рокот за пријавување, ќе испратиме писмо до Министерството за финансии, со копија до вицепремиерот за економски систем, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и Народната банка на РМ."

Според официјалните лица во PayPal, пречката за воведување на Пејпал е што веќе подолго време нема "зелено светло" од главните банки во Македонија за воведување на сервисот. Во 2014та година, Македонија направи измени во регулативата за да се овозможи македонските граѓани да плаќаат во странство преку сметката во Пејпал. Сепак, остана незавршена можноста домашните претприемачи и вредни професионалци да отвораат свои продавници на Интернет и да ги продаваат своите производи и услуги.

"Изгледа многу побрзо воведуваме регулатива за да се купува или троши нешто односно да се прави увоз, отколку да се стимулира продажбата на македонските производи и да се прави поголем извоз." вели Венко Глигоров.

Зошто е Пејпал битен? Македонија увезува многу повеќе отколку што извезува и тој јаз се зголемува кај реалниот бизнис.

Македонските фирми и претприемачи се мали и слаби да отвораат скапи маркетинг и продажни канали низ светот. За ваквите земји и економии од посебно значење е електронската трговија и можноста странските купувачи да може да плаќаат безбедно за македонските производи и услуги со безбедни платежни платформи каква што е PayPal. На сликата е прикажан процесот на купување преку електронска продавница и плаќање преку процесор за плаќање каков што е Пејпал. 

Иако според дел од рангирањата во светот, Македонија е во средината или во погорниот дел од листите, што се однесува до Пејпал, Македонија се наоѓа во неславната група на ретки земји кои немаат Пејпал. Групата ја сочинуваат земјите Afghanistan, Pakistan, Bangladesh, Uzbekistan, Iran, Iraq, Lebanon, Libya, Liberia, Syria, Palestine, Belarus, Cameroon, Central African Republic, Kosovo, Ivory Coast, Republic of North Korea, Gabon, Ghana, Equatorial Guinea, Haiti, Macedonia, Monaco, Moldova, Myanmar, Montenegro, Nigeria, Paraguay, Saint Lucia, Sudan, Timor-Leste и Zimbabwe.

Со отворање на можноста за прием на уплати преку Пејпал, се отвораат нови хоризонти за продажба на македонските производи, а посебно на тие уникатните, во светот. Своја иднина ќе може да изградат бројни мали производители, уметници, луѓе од услужната дејност како и трандициналните компании во Македонија. 

Пријавување за иницијативата се прави преку пополнување на формулар на страницата goo.gl/9G8qJa. Во самиот формулар, пополнувачот може да одреди дали сака да се најде на листата која ќе се достави до Министерството за финансии и другите надлежни министерства.

Рокот за пријавување е до 28ми Јуни 2017 до 14 часот. Иницијаторите ќе бараат поддршка и од стопанските комори како и од сите други деловни асоцијации и здруженија. 

Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница. 

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција