18 Април, 2024
0.0263

Иноваторскиот поход на Mеталотехника продолжува за современи технологии и разработка на иновации

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Ретки се компаниите во Македонија, кои можат да се пофалат со 30 години континуирана работа, а посебно ако станува збор за производна компанија чија основна определба се иновациите. Регистрирана во далечната 1987, Металотехника Прилеп оваа година слави јубилеј, 30 години постоење, работа и континуиран раст и развој. Во 2015 започна со производство на иновативната термо изолација ТермоСтоп, добиена по нано технологија, која обезбедува заштеда до 50% на енергија во домовите и индустриските капацитети, а оваа 2017 година интензивно се фокусира на развивање проекти за обновливи извори на енергија. По повод јубилејот се решивме на разговор со Јандре Здравески, еден од сопствениците и директор на Металотехника Прилеп.

1.  Каков проект спроведувате?

-  Проект за иднината, во изминатите 30 години Металотехника има реализирано повеќе проекти, успешни, поуспешни и неуспешни. За прв пат аплициравме во Фондот за иновации кон крајот на 2015 година со најновиот проект термо течна изолација по нано технологијa. За наша среќа и за сите оние корисници на изолацијата бевме избрани и поддржани од Фондот за иновации.

2.  Во што се состои иновацијата?

-  Овој производ за прв пат ќе се произведува во Македонија и со сигурност ќе може да ги замени, можеби не во целост, класичните термо изолации (стиропор, стаклена волна и тервол). Иновацијата се состои во тоа што коефициентот на топлоспроводливост на овој производ со дебелина на слојот од 1 -2 мм, може да се нанесе на повеќе површини од било кој облик – бетон, метал, дрво, пластика итн.

3.  Како се спроведува целиот процес во Вашата компанија?

-  Најпрвин тргнавме од идеjата дека не ни е потребна сила да направиме море од илузии, но имаме сила да направиме капка реалност и тоа го направивме. Од многуте проекти кои Металотехника ги разработува во консултација со врвните експерти – соработници на фирмата, го избравме проектот термо течна изолација. Многу сме задоволни од текот на апликацијата и самиот избор од страна на Фондот за иновации и нивната брзина и коректност. За прв пат реализираме проект без ургенции и политичка позадина. После самиот избор компанијата почна да го спроведува проектот се спрема она кое беше предвидено и до ден денес непречено се реализира предвиденото. На почетокот набавивме опрема и сировини, направивме испиувања за квалитетот на производот и се надеваме дека кон крајот на рокот предвиден за реализација на овој проект ќе биде во целост спроведен и пуштен во редовен пласман на пазарот.

4.  Каде го пласирате производот?

-  Со самата светска трка за обезбедување или штедење енергија нашиот производ со сигурност ќе најде пласман кај сите корисници како на домашниот така и на странските пазари, кои со нанесување од 1 – 2 слоеви од нашата изолација ќе имаат потреба да заштедат енергија од 30 – 50 %. Оваа наша  карактеристика на изоалцијата и самата светска трка со сигурност ќе ни донесе голема предност во штедењето на енергија во споредба со конкуренцијата од класичните изолации. Ако веќе имаме вредност сигурно имаме и предност.

5.  Колку се работи на истражување, развој, на нови производи кај нас и што беше пресудно во вашиот случај да навлезете во една ваква сфера?

-  Со сигурност тврдам дека зборот истражување кај не е непознато, а за развојот на нови производи да не говориме, бидејќи целата мотивација е определена што повеќе да се увезат готови производи и така увозниците имаат голема предност пред производителите или иноваторите. Најпрво сознанието за аплицирањето во Фондот дека не ни се потребни врски и пријатели, а рокот за реализација беше само 60 дена од идеја до реалност беше пресудно што се одлучивме за овој проект. А зошто му дадовме предност на проектот за изолација е прашање за кое одговор ќе дадат корисниците кои ќе имаат заштеди при користењето на овој производ.

6.  Колку е важно да се даде поддршка за да може да се комерцијализира една иновација?

-  Без поддршка ретко дека некоја идеја или проект ќе помина па така и оваа. И нашата поддршка ако не беше навремена и целосна, овој проект сеуште ќе беше во фиоките на компанијата Металотехника.

7.  Низ каков процес поминавте додека да ги добиете средствата од Фондот за иновации?

-  Со задоволство може да кажеме дека за прв пат поминавме низ неисполитизиран процес и независен од никакви други влијанија освен квалитетот на проектот кој е предложен и истиот избран.

Ова е прав пример како треба во нашата земја да функционираат и да се реализираат проекти.

8.  Што е нано технологија, може ли малку да објаснеме?

-  Самиот збор нано технологија претставува изработка на композизии од повеќе големини на нано честички. Оваа технологија е сеуште да кажеме нова и доста непозната, но со сигурност се надеваме дека ќе заземе доста виоко место во стопанството и секојдневниот живот.

9.  За каква намена е Вашиот производ?

-  Самото име термоСтоп и народниот жаргон Чудо изолација укажува на тоа дека овој наш производ има универзална примена во заштедите на енергија за Комфорно лето и топла зима!

10.  На кој пазар Ви е фокусот, домашен или странските пазари?

-  Секако, желбата ние да се пласираме на странските пазари, но за почеток нашиот производ ќе го пласираме на домашниот пазар и откако домашните корисници ќе ги увидат и потврдат квалитетите на овој производ и неговата примена, тогаш со сигурност ќе се створат услови, овој производ да заземе место на странските пазари.

11.  Што работи инаку Металотехника, колку новото е продолжување на развојот на она што досега го работите?

-  Металотехника успешно работи веќе 30 години, Имено, оваа 2017 година ние и јубилеј – 30 години од постоењето на фамилијарната компанија Металотехника. Бидејќи Металотехника работи во областа на градежништвото, така и овој прокет е само продолжување на она кое досега сме го работеле, но сега истото е усовршена по нано технологија.

12.   Колку е важна подршката за развој на нови иновации и технологии и директен поттик за инвестиции како и развој на компаниите и подобрување на нивната конкурентност?

-  Подршка за развој секогаш е потребна, а посебно за иновации и нови технологии и вложувањето е од големо значење бидејќи ако се одбере вистинскиот производ инвестицијата брзо се враќа. Мора да се внимава при изборот на иновации и технологии кои се најактуелни или хит, денеска или утре.

13.  Колку сте задоволни од соработката и подршката од ФИТР?

-  После 30 години од македонската перестројка Фондот за иновации ни покажа како треба да се работи, да се врши селекција на проектите и реализација на истите. Ние Фондот го сметаме како партнер кој многу ни значи  во целосната подршка и контрола врз реализацијата на проктот, бидејќи преку тоа со сигурност ќе биде навреме и успешно реализиран дадениот проект. Колку помалку има политика во Фондот, толку ќе има повеќе иновации и избрани добри проекти, каде пто субјективноста нема да влијае врз изборот. Се надеваме дека ние ќе аплицираме и за нови проекти во Фондот, откако ќе биде реализиран веќе избраниот за штедење на енергија кој е веќе на крај, но следната апликација ќе биде со проект како надоградба на постоечкиот Како да се создаде енергија односно како електричната да ја претвориме во механичка енергија, а механичката во топлотна енергија, и со таков топлотен генератот да бидеме независни од класичните топлински извори на нафта, дрва, мазут, гас. Овие два наши проекти, целосно ја подржуваат нашата стратегија дека Енергетската иднина зависи од енергетската ефикасност!

14.  Има ли доволно експерти во вашата дејност?

-  Конкретно во нашата дејност има многу експерти , нажалост едните побегнаа од Државата, другите се заборавени или прекфалификовани и оние кои се на располагање се без мотив и морал за да бидат ангажирани во едни вакви проекти.

15.  Со новиот производ термостоп покажувате висока свест и кон енергетската ефикасност и колку е препознаена кај нас?

-  Значи во изминатиот период зборот енергетска ефикасност, дури и да не беше споменуван, но со новите мерки кои Владата ги превзема и донесе Закон сите објекти да бидат или да се стремат да бидат енергетски по ефикасни се пробуди свеста кај граѓаните и желбата да се инвестира во обновливи енергии и заштеда на енергијата. Вложените средства во термоСтоп изолацијата се враќаат од 1 – 2 грејни сезони. Вреди да се штеди!

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година