29 Март, 2024
0.0281

ИНСПИРАЦИЈА: Како вашето CV да стигне во вистински раце-и да го освои работодавецот?!

Објавено во: Стил 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Едно момче смислило генијална идеја како неговото CV да дојде до вистинскиот работодавец.

Барањето работа има неколку начини и многу перипетии, но она што е посебно важно во тој процес е да се направи таа линија помеѓу оригиналното и одбивното.

Лука Јил изгледа смислил вистински начин неговото CV да дојде до вистинските луѓе.

Ова момче од Литванија се преселило во Сан Франциско, има пет години искуство во маркетинг. А неговиот пристап е прилично креативен.

Се облекол како возач доставувач и им носел крофни на потенцијални работодавци.

Штом ги видат прекрасните крофни, веќе го имал нивното внимание и иако не сите сакале веднаш да комуницираат, вели дека сеедно неговиот план работи.

Пораката во кутијата со крофни гласи:


„Здраво,

Оваа испорака не е грешка. Глумев дека сум момче кое доставува услуги како би бил сигурен дека моето CV ви е испратено лично вам. Како што забележавте, јас им приоѓам на проблемите на поинаков начин и што е најважно-сакам да ги решам. Моето име е Лука. Имам пет години искуство во маркетинг. И се восхитувам на вашата компанија и би сакал да работам за вас“.

Вели дека испорачал 40 кутии досега и дека добил нешто повеќе од десет одговори.

„Бев на десет интервјуа, а имам закажани разговори со уште неколку компании“.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи