19 Април, 2024
0.0247

Инстант нови 80 илјади вработувања преку окрупнување и модернизација на земјоделството

Објавено во: Агробизнис 06 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Со потпишување колективен договор за трговијата и иницијатива за донесување закон за кооператива во земјоделството, кој денеска го најавија социјалните партнери се очекува вработување на повеќе од 80 илјади луѓе во наредните две години. Иницијативата беше изнесена на завршната конференција за зајакнување на социјалниот дијалог во секторите трговија на мало, прехранбената индустрија и земјоделскиот сектор. Предлогот стигна од Здружението за земјоделство, додека од Министерството за труд и социјална политика најавуваат дека предлогот ќе биде разгледан на седница на Економско-социјалниот совет. Според претседателот на Здружението за земјоделство Влатко Ѓорѓиевски, законот нуди експресно вработување на повеќе од 80.000 луѓе со што би се извршило влијание врз целата социјална структура во државата. „Новиот закон за кооператива, кој е во подготовка, се базира на веќе испланираните 750 милиони евра кои Владата ги издвои од буџетот за овој сектор во наредните пет години. Тој е основа на 196 илјади индивидуални земјоделски стопанства кои егзистираат од земјоделската дејност и се подготвени за здружување. На тој начин ќе се изврши окрупнување на земјоделскиот сектор, модернизација на механизацијата и планско производство“, истакна Ѓорѓиевски. Од друга страна, пак, со колективниот договор во трговијата, чие потпишување е најавено наскоро, се очекува подобрување на правата на работниците во овој сектор. „Со потпишувањето на овој колективен договор ќе затвориме уште еден дополнителен проблем кој што беше долго присутен во Македонија. Со него ќе се подобрат правата на работниците во трговијата  затоа што тие ќе има на што да се повикаат“, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари