23 Април, 2024
0.0317

Интересни факти за LEGO, омилениот бренд на децата и возрасните

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Навидум едноставните играчки, составени од пластични делови кои меѓусебно се спојуваат, даваат неограничени можности за развивање на креативноста и имагинацијата. Токму затоа LEGO коцките низ годините станаа омилен предмет за забава на децата, но и на возрасните. Еве неколку интересни факти за нив:

  • Извршните директори на LEGO користат персонализирани минифигури наместо визит-карти.
  • Основачотна компанијата, Оле Кирк Кристиансен го смислил името LEGO во 1934 година така што ги комбинирал првите две букви од данскиот израз “LEG GODT” што во превод значи  “добра игра”, без да знае дека едно од  значењата на изразот на латински  е  “jaс составувам”.
  • LEGO производите се продаваат во повеќе од  130 земји во светот.
  • LEGO Клубот има околу 5 милиони членови од целиот свет.
  • Секое лице во светот во просек поседува по 94 LEGO коцки.
  • Првиот прототип на минифигура е направен во 1976 година, кога тим од LEGO дизајнери формиралекоцки во облик на човек. Првата минифигура е претставена пред јавноста во 1978 и од тогаш се произведени повеќе од 5 милиjарди примероци.
  • LEGO коцките произведени во 2013 година би можеле да ја заобиколат Земјата повеќе од  20 пати.
  • Ако вертикално се постават 40 милијарди LEGO коцки, ќе се стигне до Месечината.
  • Досега се произведени приближно 700  милијарди LEGO елементи.
  • Во 2013 година LEGO Group на светско ниво произведе 55 милијарди елементи, што одговара на бројот од 105 илјади елементи произведени во една минута, односно 1750  елементи во една секунда.
  • Во фабриката во Унгарија, дневно се обликуваат 2.5 милиони LEGO® DUPLO® производи, кои ако би се наредиле ќе направат линија долга 42 километри.

·  LEGO DUPLO коцките се точно 8 пати поголеми од стандардните LEGO коцки, за да можат да се спојат заедно.

  • Новото складиште во Кладно, Чешка Република има вкупен капацитет од приближно 200 километри полици  на кои може  да се постават  вкупно  360 илјади кутии со  LEGO елементи. Автоматските дигалки во складиштето може да постават просечно по 1.300 кутии на час.

Можеби ќе ве интересира

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена

Спасеновски од „Макпетрол“ меѓу осумте најдобри на светската карате-лига во Каиро

Спасеновски од „Макпетрол“ меѓу осумте најдобри на светската карате-лига во Каиро