19 Април, 2024
0.0264

Интернет гигантот Yahoo заминува во историјата-Шефицата дава отказ!

Објавено во: Стил 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Интернет гигантот Јаху престанува и официјално да постои. Новото име на компанијата ќе биде Алтаба, а досегашната извршна директорка Мариса Мајер поднесува оставка.

Одлуката за заминување на Јаху во историјата е потврдена во извештајот на компанијата која го испратила до американските регулатори.

Во извештајот се наведуваат точните планови како Верајзон ќе го преземе Јаху. 

Јаху е продаден за 4,8 милијарди долари, а кога ќе заврши целиот процес на преземање-кога се предаде е -маилот, веб страницата, мобилните апликации и рекламни алатки, компанијата го добива новото име Алтаба.

Новото име претставува одраз на трансформацијата на Јаху во холдинг компанија за вложување во кинескиот лидер во електронската трговија, Алибаба групата, и компанијата „Јаху Јапонија“ кои заедно вредат повеќе од 40 милиони долари.

Исто така се наведува дека досегашната шефица на Јаху, Мариса Мајер, ќе ја напушти таа функција после спојувањето.

Покрај Мариса, од компанијата ќе заминат уште неколку долгогодишни директори-коосновачот на Јаху Давид Флио и уште четири директори кои моментално се во Управниот одбор.

Причните за заминување, како што рекле, немаат врска со несложување во самата компанија, или некоја нејзина филијала.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган