20 Април, 2024
0.0317

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ЈОВАНОСКИ: Над 80 отсто од договорот со Бугарија беше подготвен од Владата на ВМРО ДПМНЕ!

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Александар Петар Јованоски е програмски координатор во ИНСТИТУТ ЗА ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ (ЕПИ) во интервју за Фактор говори за најавените реформи кои треба да го детерминираат европскиот пат на Македонија, капацитетот на овој владин кабинет да  влезе во силно поместување на позициите во правосудството но и за односите со соседите, односно договорот со Бугарија. 

„Договорот директно придонесува за отворање на политичките и општествените односи помеѓу двете земји. Како човек што работел во администрација, знам дека договорот бил над 80% усогласен од страна на претходната Влада. Сакам да упатам апел до сите ваши читатели да внимаваат на спинови и дезинформации кои создаваат тензија на национален основ. Македонија иницира затворање на прашање со сосед кое претставувало проблем во време од 27 години и непотребно генерирало имагинарен конфликт“ вели Јовановски.

разговара Горазд Чомовски

Фактор: Часовникот за спроведување на реформите наведени во извештајот на Рајнхард Прибе почна да отчукува. Владата пред себе си постави амбициозен план со временска рамка. Дали патоказот 3-6-9 ја отсликува реалната состојба во државата ?

Јованоски: Планот е обнова на декларацијата за интеграција и вооедно прв чекор на реформската политика на оваа Влада. Веќе ревносно ги следам сите нивни настапи и беше кажано дека сите не го сакаат зборот реформа или акциски план. Истото го ценам и јас, сепак, план на хартија мора да постoи бидејќи колку сакале или не, ние како граѓански сектор и нив мора да ги следиме во тоа што го спровеле. Во суштина, планот е рециклажа на веќе познати препораки, но искрено ме радува што во голема мера се преземени и мерки од понудата на граѓанскиот/експертски сектор во Планот за реформи. Сум работел на изработка на повеќе планови како поранешен вработен во Секретаријатот за европски прашања и технологијата ми е целосно позната, но сега целта е спроведување и вградување на законите и решенијата во општествените норми. Тоа ја прави целата разлика. Иако искрено ми се допаѓа идејата 3-6-9, сепак недостасуваат финансиските импликации, врзувањето со тековните проекти и ИПА, алокацијата на надлежен орган, дури и би рекол надлежно лице. Време е за лична одговорност за тие што се платени од народни пари да ги испорачаат резултатите што се очекуваат. Сепак, се надевам дека оваа Влада има свест и знае дека граѓанскиот и експертскиот сектор има директни контакти со Европската Комисија и Советот на министри и дека секоја спроведена мерка ќе се разгледува трослојно, вклучувајќи ги и нашите ставови и мислења за да се утврди одреден напредок по однос на планот.

Фактор: Потребни се сериозни реформи во правосудството, тоа е еден и од основните услови на извештајот на Прибе. Постапката за разрешување на Јавниот обвинител оди бавно иако Владата уште на самиот почеток најави дека меѓу првите нејзини одлуки ќе биде смена на Марко Зврлевски. Како до департизиција и професионализација на судството?

Јованоски: Битката е политичка и тоа се виде и во Собранието. Самата опструкција на опозицијата загрижува за се она што се криело во фиоки во таа институција изминатиов период. Мерејќи го само по индикатори на успешност и доверба на јавноста, обвинителството е на самото дно по доверба на граѓаните. Мојот совет е оваа институција да се деполитизира користејќи го моделот на Специјалното Јавно обвинителство. Веќе имаме најава дека до крајот на оваа седмица ќе биде разрешен поранешниот јавен обвинител, што и треба да се случи. Ова го темелам, пред се, за предмети кои не беа подигнати, а се однесуваа кон грубо кршење на човековите права и слободи, не постапување по поднесување на јасно прикажани докази во постапка, но пред се недовербата после објавувањето на прислушкуваните разговори, т.н. бомбите. А за реформите во правосудството, ќе треба посебно интервју.

Фактор: Пораките на Брисел се дека главните напори треба да се насочат кон справување со високата политичка корупција, криминал, обемната и партизирана администрација, состојбата во медиумите. Колку време ќе биде потребно за Македонија да се ослободи од квалификацијата на ЕУ дека сме заробена држава?

Јованоски: Тоа зависи од сите наредни потези на Владата, како и извештаите кои и ние како експертски сектор ги праќаме во Брисел. Не би било корисно да се утврдува фиктивна временска рамка, бидејќи јас сум повеќе за квалитет на реформата и сакам повеќе информации од надлежните како овие најавени реформи ќе се имплементираат во пракса. Висока корупција постои и благодарение на СЈО тоа е веќе објавено, сепак, очигледно станува збор за опструкција од страна на судските органи. Оваа тематика ја следам веќе 10 години и е јасно дека системот на автоматска дистрибуција на предмети е политизиран и се користи да се доделуваат предмети на судии кои беа блиски на претходната Влада. Во овој случај најбитно е она што следи како стратегија, односно strategic foresight. Мора да се алоцираат сите извори на криминал, корупција и незаконито вработување во рамки на службата. За тоа, јас лично и ЕПИ, стоиме целосно на располагање како да се развие методологија за скенирање на цел хоризонт потенцијални ризици и како да се изнајде соодветна јавна политика за надминување на овој наш општествен најзначаен проблем.

Фактор: Како ја оценувате владината стратегија да се екипира со луѓе од граѓанскиот сектор? Дел од нив беа и едни од најгласните критичари на претходната гарнитура кои преку т.н. Шарена револуција го артикулираа незадовoлството од начинот на кој екс премиерот Груевски ја практикуваше власта и колку се веродостојни информациите дека и за Вас се подготвува место во кабинетот на премиерот Заев?

Јованоски: Правото на мобилност треба да се почитува, иако можеби целата операција требаше подобро да е претставена пред јавноста. Ние во ЕПИ, уште во 2013, спроведовме анализа за расположливоста на ЕУ експертиза во државата и резултатите беа во корист на граѓански сектор. Немајќи ЕУ перспектива, немајќи процес кој бара ставање во погон на веќе етаблирани експери, доведе да цел капацитет се сконцентрира во граѓанскиот сектор. Овој позитивен моментум има потреба од етаблирани работници, активисти, истражувачи за да се искористат максимално. Сепак самиот процес е на штета на она што пред 2 месеци беше граѓански сектор. Македонија има ограничен број на кадар кој е способен да го преземе и води процесот на интеграција, тоа е факт, сепак, постапката и нивното лиферување во јавност треба да е транспарентно за сите да знаат за каков тип на кадар станува збор. Во контекстот на понудата за кабинет, јас сум програмски координатор на ЕПИ за демократија и владеење на правото и останувам во овој сектор.

НАД 80% ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА БИЛ УСОГЛАСЕН СО ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ

Фактор: Првите посети на новиот владин тим беа Софија и Атина. Дали ова може да се толкува како нов пристап во односите кон соседите и дали политиката на отвореност ќе допринесе да се забрза процесот на интеграција на Македонија во НАТО И ЕУ?

Јованоски: Одлично прашање за да се потсетиме на формата и дефиницијата на тоа што значи интеграција или пристапување во ЕУ. Поаѓа од внатрешна интеграција, регионална па на крај континентална, односно ЕУ. За пофалба е проактивната и искрената дипломатија која пред се се заснова на вредности, отколу средби за некаков извештај на ЕУ, односно форма без суштина. Оваа политика, која се надевам ќе се засили, не само што може да го забрза процесот, туку драстично да ја подобри и позицијата на Македонија во регионот и континентот. Владата продолжи со средби и во Албанија и БиХ што е за нотирање. Србија, моментално како контра-режим на оваа Влада, сум сигурен дека ќе се разреши, се додека се чуваат интересите на регионот и сите ние кои живееме во него и односите се темелат на вредности.

Фактор: Владата вели дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија не се загрозува јазичниот и национален идентитет. Дали договорот ќе допринесе за релаксирање на односите и јакнење на меѓусебната доверба и дали со заедничкото чествување на историски настани и личности постои опасноста да се отворат некои прашања кои се деликатни за двете земји?

Јованоски: Договорот директно придонесува за отворање на политичките и општествените односи помеѓу двете земји. Како човек што работел во администрација, знам дека договорот бил над 80% усогласен од страна на претходната Влада. Сакам да упатам апел до сите ваши читатели да внимаваат на спинови и дезинформации кои создаваат тензија на национален основ. Овој Договор ќе се потпише врз принципите на Виенската конвенција, вклучувајќи и реципроцитет во односите и почит што се клучни предуслови за постигнување на висок степен на разбирање и добрососедство. Не сум историчар и верувајте дека не можам да коментирам за настани за кои не сум стручен. Сепак, Македонија иницира затворање на прашање со сосед кое претставувало проблем во време од 27 години и непотребно генерирало имагинарен конфликт. Секој чекор што ќе се остварува, вклучувајќи ја и Република Србија, ќе го поздравам лично и во име на ЕПИ бидејќи има за цел отворање на перспективата на народот кој живее во Македонија

Фактор: Како во ситуација кога партиските поделби се ненадминливи може да се изгради широк национален консензус за стратешките приоритети на земјата?

Јованоски: Тоа ќе зависи од потезите што секоја партија ќе ги повлече. Опозицијата е од очајника внатрепартиска реформа која ќе обезбеди простор за соочување со сите обвиненија за висока корупција, криминал, кршење на човекови права и насилство. Цело раководство на таа партија е во истражна постапка. Ова треба да служи како поука за раководството на партијата која сега е на власт. Тешко е да се надминат разликите, тоа што изминатиов април е се уште во меморија. Мислам дека повеќе е на страната на опозицијата, особено од воспоставување на нивен систем на одговорност и кога станува збор за перспективите на земјата. 

Можеби ќе ве интересира

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ