19 Април, 2024
0.5675

Интервју Дејан Спасовски, сопственик и генерален менаџер на Сара Фешн: Тимската работа е важна за успешноста на една компанија

Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Сара Фешн е семејна компанија за продажба на чорапи, долна облека, пижами, костими за капење, модни додатоци, основана пред 18 години, а која сеуште работи со истиот ентузијазам и љубов, со постојано вложување и едукација на своите кадри, како и постојано проширување на своето портфолио на производи. Денес компанијата може да се пофали дека прерасна во една од најголемите македонски компании во својата област, со повеќе од 200 вработени, 64 продажни места во Македонија и Србија, буквално може да служи за пример на компанија со континуиран раст.

Сара Фешн е семејна компанија, тоа значи дека има предност за успешен бизнис или сосема спротивно, односно што е потребно за да компанијата биде успешна?  

Дејан Спасовски: Компанијата Сара Фешн е основана во 1999 година, како мала продавница за продажба на чорапи и со само неколку работници. Започнавме како семејна компанија и така и денес го развиваме нашиот концепт, а со тоа сакаме и сите вработени да се чувствуваат дека се дел од едно семејство. Предностите на семеен бизнис се тоа што сте повеќе посветен на развојот на бизнисот, на лојалноста, и секако на долгорочното планирање. Сара Фешн е семејна компанија со развиена перспектива на бизнисот, континуитет, долгорочна стабилност, храброст за визија, иновации и инвестиции, но пред се богатство од идеи од своите вработени. Но од самиот почеток до сега и многу се променивме, пораснавме, се развиваме и заедно работиме на градење на препознатлив бренд. Кога пред 18 години ја основавме компанијата, си поставивме јасни цели и визија која сеуште ја следиме. Со постојано вложување, денес можеме слободно да кажеме дека сме се развиле и сме токму онаму каде што планиравме, но не престануваме тука, имаме уште многу планови и задачи кои треба да ги реализираме. Покрај домашниот пазар каде што имаме 56 продавници, присутни сме и во Србија, а според нашиот бизнис план планираме проширување и на други пазари во Европа.

Имате свое производство, но и познати брендови се дел од производите кои можат да се најдат на полиците во продажните салони на Сара Фешн. Што значи да се има свое производство, а што соработката со други брендови?

Дејан Спасовски: Од почетокот на формирање на компанијата поставивме стандарди за производство од кои и денес не отстапуваме, а тоа се производи со висок квалитет. На почеток тоа беа чорапи, за денес нашиот асортиман да се прошири и на долна облека под наш бренд, потоа костими за капење, модни додатоци, и секако постојано го збогатуваме нашето портфолио. Со постојани контроли на квалитет, како и имплементирани стандарди во работењето, работиме на усовршување на квалитетот на нашите производи, а резултатот е бренд кој е препознатлив веќе 18 години. Покрај сопствен бренд, ние сме ексклузивни застапници на повеќе светски признати брендови и тоа: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano.


Нашата цел е да сме лидер во својата дејност, а тоа се постигнува со посветеност во развивање и проширување на продуктното портфолио согласно барањата на потрошувачите, па токму затоа покрај домашните производи во нашите продажни салони се застапени и познати брендови за кои потрошувачите не мора да одат во друга држава и да ги купат, едноставно можат да дојдат во било која продавница на Сара Фешн.

Кои брендови/производи од вашето портфолио би ги издвоиле како најбарани на нашиот пазар?

Дејан Спасовски: Ние имаме производи кои се потребни за сите во секое време, токму затоа не можеме да издвоиме некои како најбарани, или некои како помалку барани. За време на летните одмори секогаш тоа се костимите за капење, во друг период се чорапи, а секогаш сите имаат потреба од долна облека, така што имаме парчиња за сите сезони. Пред да лансираме во производство одреден продукт или пред да вклучиме одреден продукт од останатите брендови, задолжително правиме анализа на пазарот. Целта ни е да откриеме каков тип на производи сакаат нашите купувачи и токму затоа во нашето портфолио има повеќе видови на производи, секогаш со цел задоволување на потребите на потрошувачите.

Оваа година славите 18 години роденден и го одбележавте со големо модно шоу My sweet 18, кои се впечатоците?

Дејан Спасовски: Среќни сме што полнолетството го заокруживме со голем и значаен настан за нас насловен како My sweet 18, на кои присуствуваа нашите партнери, познати личности и верни потрошувачи. Имавме модели од Белград, изведувачи - музички артисти од Балканот,нашето заштитно лице за оваа година Викторија Лоба, буквално сите на едно место направивме вистинско модно шоу. Голема благодарност до сите вработени кои се вклучија, нашиот моден дизајнер Ивана Кнез и нашите пријатели кои ни дадоа поддршка на настанот, а тоа се винарија Стоби, Горска, Jack Daniels, енергетски пијалак XL, Fantinel prosecco,  Jegermaister, Центар за креативни курсеви Кариера Плус, ресторан Парк и Дина Моделс.

Од пред 18 години па до денес, постојано внесувате нови производи, соработувате со познати дизајнери, го проширивте и своето портфолио. Колку ваквите постојани промени се важни за успешно функционирање?

Дејан Спасовски: Како што веќе спомнавме, ние сме сектор што со својот спектар на производи го опфаќа буквално секој потрошувач, па тоа ни наметнува многу поголема одговорноста кон нашата работата и бара да ја издигнеме на ниво на обврска со која мора да нудиме квалитет на производите. Многу е важно постојано да се оди напред, па токму затоа со постојано следење на потребите, барањето и желбите на потрошувачите ние го менуваме, дополнуваме, усовршуваме нашето портфолио. Развивањето на компанијата и брендовите, значи растење на истите, секоја промена е искачување на едно ниво погоре.

За успешно функционирање на една компанија, од особена значење е тимската работа на луѓето кои ја сакаат својата работа и веруваат во сопствените производи. Нашиот тим функционира како едно семејство, а можам слободно да кажам дека во последните неколку години дел од нашето семејство е младата модна дизајнерка која чие име е  препознатливо на јавноста по нејзината уникатност, а тоа е Ивана Кнез. Таа внесе свежина, софистицираност, а и кога знаете дека работи со многу љубов и целосно се вложува, ја имате добитната комбинација за одличен производ. Нашиот бренд повеќе не  следи трендови, туку ги поставува.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга