Интервју Дина Муцунска: Душевен дом најдов во „Манастир“
Објавено во: Стил 13 Декември, 2017
Таа е генерален менаџер на Хотел Манастир, Берово. Верна на традиционалните вредности, настојува да ги пренесе и како светоглед на своите деца. Мајка на момче и девојче, постојано балансира на линија нивен другар, но и граница преку која нема премин. Времето е ресурс кој секогаш го користи мудро. Визионерството и стратегијата се алатки со кои го крои успехот. Ги сака планините и настојува да придонесе кон релацијата на луѓето со природата.